вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: 2 Август | 15 резултати

Џафери: Европската идеја од пред 120 години е на дофат, време е за разум и одговорност

2 август 2023

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во своето денешно обраќање од Мечкин Камен во Крушево по повод одбележувањето на Денот на републиката – 2 Август порача дека европската идеја од пред 120 години од Крушевскиот манифест за слобода, обединување и просперитет веќе е на дофат. Граѓаните и политичките фактори во земјава се пред уште една голема […]

И партиите го одбележаа Илинден, за Мицкоски денешната борба е за достоинство

2 август 2023

Политичките партии денеска го одбележаа Денот на Републиката – 2 Август, при што нејзините претставници не пропуштија да испратат и дневнополитички пораки до граѓаните. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Мечкин Камен во Крушево на граѓаните им го честиташе државниот празник Илинден, велејќи дека тој претставува темел на нашиот идентитет и борба за државност. „И […]

Пендаровски: Само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска

2 август 2023

Денес, на Илинден, сеќавајќи се на трите македонски републики – Крушевската од 1903-та, АСНОМ-ската од 1944 и независната од 1991 година, треба да бидеме свесни дека само од нас зависи дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката во […]

Ковачевски: Одлуките на илинденците и асномците нè обврзуваат да изградиме европска држава

2 август 2023

Денес е потребно да се свртиме кон аманетот кој ни го имаат оставено илинденците и асномците, кои знаеле дека вреди секој чекор направен напред за македонска државност и затоа нивните одлуки нè обврзуваат да одиме напред, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната манифестација што се одржа на Скопското Кале, по повод одбележувањето на 2 Август […]

Државниот врв со честитка по повод празникот 2 Август: Илинден живее во сите нас

2 август 2023

Македонскиот државен врв денеска упати честитки по повод одбележувањето на државниот празник 2 Август – Денот на Републиката. Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатија честитки до граѓаните. Во честитката на претседателот Стево Пендаровски се вели дека на нашиот најсветол празник Илинден се потсетуваме на генерациите кои се […]

2 Август годинава ќе го славиме под мотото „120 години Илинден – Огниште на татковината“

31 јули 2023

Под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“, годинава ќе се одбележи 2-ри Август – Денот на Републиката, информираат од владината прес-служба. Во таа чест, делегации на Владата на Република Северна Македонија, на Собранието на Република Северна Македонија и на Претседателот на Република Северна Македонија ќе го чествуваат празникот преку голем број свечености. Па […]

Каде и како ќе се прославува Илинден, чествувањето започнува вечерва

1 август 2022

И оваа година, граѓаните на Република Северна Македонија го слават националниот празник Илинден почитувајќи ги заедничките интеркултурни вредности и празнувајќи гордо, достоинствено и обединето, соопштија од Владата на РСМ. Чествувањето на денот, кога славиме 119 години од започнувањето на Илинденското востание, прогласувањето на Крушевската Република и Денот кога пред 78 години е одржано Првото заседание […]

Со мерки за заштита од ковид-19, земјава денеска го чествуваше Илинден

2 август 2020

Без масовни собири и без културно-уметнички програми, под заштитни маски и со кратки церемонии Македонија денеска го чествуваше празникот Илинден. Пандемијата на ковид-19 влијаеше на намалување на масовноста на организираните настани и на примена на мерките за заштита од вирусот при прославувањето на двата Илиндена. Годинава, Денот на Републиката 2 – Август, Илинден, кој се […]

Влада: Свеченостите по повод Илинден ќе се одржат согласно протоколот, без масовни народни собири

31 јули 2020

Во организација на Владата, во координација со Претседателот и со Собранието, на 2 Август, по повод Денот на Републиката – Илинден, ќе се организираат свечени програмски содржини посветени на големиот државен празник, кои оваа година ќе се реализираат согласно препораките од протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести. „Тие услови […]

Граѓаните и политичарите на одмор, „борбата“ продолжува по 15 август

1 август 2016

Гласањето за ребалансот на буџетот во петокот (29 јули 2016 г.) беше последниот парламентарен настан пред почетокот на летните одмори за политичарите, кој вообичаено трае две недели. Еден ден порано беа изгласани и и измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка, Изборниот законик и на Законот […]

Иванов помилува 43 осуденици по повод празникот Илинден

28 јули 2016

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по повод националниот празник 2 Август, помилува 43 лица. Одлуката на Иванов е објавена во вчерашниот број на „Службен весник“. Со одлуката, 43 помилувани лица, сите македонски државјани, делумно се ослободуваат од издржување на затворската казна. Скратувањето на казните на помилуваните лица се движи од три до осум месеци. Одлуката, како што е […]

Страна 1 од 1