недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: одбележување | 143 резултати

Одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

мај 9, 2023

Со бројни активности, во Македонија денеска се одбележа 9.Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. На Партизанските гробишта во Бутел се одржа централната манифестација, каде што државна делегација и организации положија цвеќе и оддадоа почит на загинатите кои ги положиле своите животи за пораз на фашизмот. На настанот, организиран со високи […]

Ковачевски по повод 30 години членство во ОН: Постигнавме модел за функционална демократија

мај 6, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски во рамките на работната посета на САД учествуваше на панел организиран по повод 30 години членство на Република Северна Македонија во Обединетите нации, информираат од владината прес-служба. Дискусијата се одржа во седиштето на ОН во Њујорк, на која се обратија и Љубомир Фрчковски, постојан претставник на Република Северна Македонија во ОН, Метју […]

Цитати од познати македонски автори блеснаа во ноќта низ градовите [галерија]

мај 6, 2023

Видеопроекции на цитати кои будат длабоки чувства за македонскиот идентитет, литература и култура и за македонската самобитност, синоќа силно блеснаа низ градовите во земјава. Како завршен дел од целодневната програма за одбележување на Денот на македонскиот јазик, Министерството за култура ги осветли со зборови препознатливите локации: Скопското Кале и Собранието на РС Македонија во Скопје, […]

Државниот врв со честитки за одбележувањето на Денот на македонскиот јазик

мај 5, 2023

На 5 мај се одбележува Денот на македонскиот јазик, а по тој повод честитки упати македонскиот државен врв. Претседателот Стево Пендаровски денеска испрати порака дека македонскиот јазик е заштитник на нашиот идентитет, сегашност и иднина, коренот на нашето битие, ден кога ја славиме нашата посебност. Пендаровски вели дека македонскиот јазик е чувар на нашата колективна […]

Чествувањето на Денот на македонскиот јазик започнува утре на УКИМ

мај 4, 2023

Чествувањето на Денот на македонскиот јазик – 5 мај оваа година ќе започне на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со настан посветен на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК при УКИМ), информираат од МСМЈЛК. На настанот кој ќе се одржи утре во Ректоратот на УКИМ, со почеток во […]

Католиците го слават Велигден, честитки од Пендаровски, Ковачевски и Џафери

април 9, 2023

Верниците на Римокатоличката црква, кои се раководат според Грегоријанскиот календар, денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден. Честитки до католиците во земјава и во светот упатија претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, Талат Џафери. „Годинава Велигден се празнува во време на голема неизвесност и на човечки страдања предизвикани од […]

Железницата како најстара државна институција, одбележа 150 години од постоењето [фото]

април 7, 2023

Назим Точи е највозрасниот железничар во земјава, кој со своите 89 години е најстариот жив сведок од развојот на Македонските железници во изминативе 150 години. Тој денеска доби благодарница од вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на ЈП за железничка инфраструктура Хари Локвенец, на свеченоста организирана во Транспортниот центар во Скопје, по повод одбележување на 150 […]

Неделата на проверката на факти во 2023 во знак на борбата против дезинформации на различни фронтови

април 3, 2023

Фондацијата Метаморфозис и оваа година се приклучува кон одбележувањето на 2 април – Денот на проверката на факти, при што во текот на целата оваа недела ќе се одржат редица настани за проверката на факти и во земјава и на меѓународно ниво.   ПРЕГЛЕД Овогодишниот Ден за проверка на факти поминува во период на засилен […]

Државниот врв положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

февруари 4, 2023

Под силно полициско обезбедување денеска се одбележува 151 година од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. Цвеќе на гробот положи претседателот на државата Стево Пендаровски, како и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Со богослужбата чиноначалствуваше поглаварот […]

Бугарија го врати својот амбасадор во Скопје

јануари 31, 2023

Бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, којшто беше повлечен во Софија по инцидентот со тепањето на охриѓанецот Христијан Пендиков, се вратил во Скопје вчера, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg повикувајќи се на бугарското МНР. Од министерството велат дека Ангелов бил дел од официјалната делегација на бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев вчера и потоа останал […]

Пендаровски: Предложив да се забрани влез во земјава на европратеник и други лица од Бугарија

јануари 24, 2023

Претседателот Стево Пендаровски по вчерашната, 18. седница на Советот за безбедност, која се одржала во проширен состав, соопшти дека предложил да се забрани влезот на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и уште неколкумина бугарски националисти кои најавија дека ќе дојдат во земјава за да го одбележат роденденот на Гоце Делчев. Седницата на Советот уследи по испадот […]

101 година од раѓањето на Конески: Да продолжиме да пишуваме на македонски

декември 19, 2022

Пораката да продолжиме да пишуваме на македонски јазик е една од оние што Конески ни ги остави како аманет, вели во интервју универзитетската професорка Весна Мојсова-Чепишевска, на денот кога се навршува 101 година од раѓањето на Блаже Конески. Конески е роден во селото Небрегово на 19 декември 1921 година. Основно училиште и нижа гимназија завршил […]

Османи и Милков за прв пат заеднички го чествуваа Свети Климент Охридски во Скопје

декември 7, 2022

Еден ден пред официјалниот празник, денеска за прв пат, претставници на македонската и бугарската влада, заеднички го чествуваа Свети Климент Охридски во Скопје. Министрите за надворешни работи на двете држави Бујар Османи и Николај Милков положија цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека и ја посетија изложбата на дела од еминентни […]

УСАИД прослави 30 години партнерство во земјава

декември 3, 2022

Пред точно два месеци, УСАИД ја започна кампањата за одбележување на 30-годишнината од партнерството во земјава. Вчерашниот настан во Скопје воедно беше и завршен од низата настани низ осум градови. Охрид беше првиот од 8-те градови кои ги посети патувачкиот карван “Инспирирај се за иднината”, а по него следуваа Штип, Тетово, Кавадарци, Битола, Струмица и […]

Со почести и средби одбележан 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје

ноември 13, 2022

Честитки по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје денеска упатија државните и локалните власти. Премиерот Димитар Ковачевски во својата честитка изрази почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град. „Денеска го одбележуваме […]

Утре ќе се отвори студентска изложба во куќата на Лазар Личеновски

ноември 8, 2022

Во куќата на Лазар Личеновски под Скопското кале утре (9 ноември), во периодот од 12 до 14 часот, ќе се одржи студентска уметничка изложба инспирирана од ликот и делото на Лазар Личеновски, информираат од Europe House Skopje. Изложбата ќе вклучи ликовни творби на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Изложбата ќе остане отворена […]

Украина го слави Денот на независноста, шест месеци се бори против руската агресија

август 24, 2022

На 24 август 1991 година Украина прогласи независност од Советскиот Сојуз, а по 31 година денеска го слави Денот на независноста во услови на војна. Токму на 24 февруари започна руската агресија врз Украина, така што граѓаните на оваа земја денеска одбележуваат и шест месеци од одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет. За разлика од […]

Светски ден на пчелите: Подарете ѝ љубов и внимание, пчелата ќе ви возврати многу повеќе

мај 20, 2022

„Не плашете се, сега се разиграни поради топлото време и нема да ви направат ништо сѐ додека не се почувствуваат вознемирено, а се разбира имате и посебен шешир кој ве штити од убоди“, со овие зборови, во пријатна атмосфера, под топлото мајско сонце, од кое бевме заштитени преку специјализиараните шешири за одгледувачи на пчели, го […]

Економскиот институт – Скопје ја одбележа 70-годишнината од неговото постоење [фото]

мај 19, 2022

Економскиот институт – Скопје вчера свечено ја одбележа 70-годишнината од неговото основање во 1952 година. На свеченоста, покрај директорот на Економскиот институт, проф. д-р Зоран Јаневски, свое обраќање имаше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и министерот за образование и наука на Република Северна Македонија, д-р Јетон Шаќири. Директорот на […]

Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 72 години од формирањето

февруари 18, 2022

Театарот „Војдан Чернодрински“ денес одбележува 72 години од своето формирање. Годишнината ќе биде одбележана со изведба на претставата „Да инспекторе, Претстава со грешки“ во режија на Синиша Ефтимов, со почеток од 19:30 часот вечерва на матичната сцена. Првата претстава на театарот, „Кир Јања“ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски, била одиграна на денешен ден […]

Страна 2 од 7