Гоу грин во сабота организира еко-кино на точак за Денот на млади

Влезот на филмските проекции е бесплатен

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу грин во сабота (12 август) ќе го одбележи Денот на младите со организирање на Еко-кино на точак со чиста енергија во Паркот на Франкофонијата во Скопје. Со почеток од 20 часот, сите заинтересирани ќе можат да ги погледнат кратките филмови „Приказни за точак“ (Bike Stories) и „Нозете на Амстердам“ (Legs of Amsterdam).

Влезот на филмските проекции е бесплатен, а настанот е организиран во рамките на проектот „Младински активизам за зелени општини вол.3”, имплементиран од Гоу Грин, финансиран од Канцеларијата на Фондацијата Хајнрик Боел во Сараево.