Здружението „Гоу грин“ ги достави првите младински барања за одржлив транспорт

Барањата оваа година здружението ги доставува до град Скопје, општина Куманово, општина Гостивар и општина Прилеп

Барања за одржлив транспорт од млади лица, се доставени до општини преку здружението „Гоу Грин“, информираат оттаму. Според одговорните во здружението, вклученоста на младите е стратешки приоритет за градење на одржлива иднина.

„Барањата се поставени преку прашалник каде се предложени конкретни барања за промени во нивните општини, а потоа се избрани по 5 за секоја од општините каде ги доставуваат. За успешна имплементација на барањата, избрани се најефикасните од оние на прашалникот, а селекцијата ја извеле општинарите, заедно со младински претставници или младински службеници за да може што поефикасно да бидат реализирани“, информираат во „Гоу грин“.

Барањата оваа година здружението ги доставува до град Скопје, општина Куманово, општина Гостивар и општина Прилеп, а градоначалниците се запознаени со нивниот процес и се отворени за комуникација и соработка со еко-активистите.

Младинските барања за одржлив транспорт се дел од проектот „Младите за климатска акција и одржлив транспорт”.