Во Куманово спомен-обележје во спомен на загинатите полицајци од „Диво Насеље“

Откривањето на спомен-обележјето е во рамки на одбележувањето на 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) во рамки на МВР, кое денеска се одвиваше во Куманово

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во кругот на СВР Куманово го откри спомен-обележјето во чест и вечен спомен на загинатите припадници на македонската полиција, кои ги положија животите во 2015 година, во вооружената престрелка со терористичка групација во кумановско „Диво насеље“, а во одбрана на Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Откривањето на спомен-обележјето е во рамки на одбележувањето на 22 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) во рамки на МВР, кое денеска се одвиваше во Куманово.

„На сите припадници на ЕБР им го честитам Денот на единицата, 22 години постоење јакнење, напредување, сè во интерес на државата и граѓаните. Денеска низ многу активности овде во Куманово ја одбележуваме годишнината од формирањето на оваа елитна единица на МВР. Во Куманово затоа што оваа прослава ја посветивме на осумтемина полициски службеници кои ги дадоа своите животи во настаните 2015 година кога беше извршен терористичкиот акт во Диво Насеље. Овде во градскиот парк се дружиме со граѓаните, со најмладите, изложена е опремата, можат да ги видат сите активности на специјалните единици, да се запознаат со вештините, но најмногу со посветеноста на секој еден припадник на ЕБР”, рече министерот Спасовски.

Тој изјави дека во рамките на прославата на Денот на ЕБР организирале настан на којшто ја исполниле обврската за откривање на спомен-обележје во чест на осумте загинати припадници на САЕ Тигар и на ЕБР.

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда...