Ковачевски: Одлуките на илинденците и асномците нè обврзуваат да изградиме европска држава

„Денес Републиката има потреба од нова државничка одлука, на денешната генерација народни избраници, со што државата и граѓаните ќе продолжат по зацртаниот пат на напредокот“, порача премиерот Ковачевски

-

Денес е потребно да се свртиме кон аманетот кој ни го имаат оставено илинденците и асномците, кои знаеле дека вреди секој чекор направен напред за македонска државност и затоа нивните одлуки нè обврзуваат да одиме напред, порача премиерот Димитар Ковачевски на денешната манифестација што се одржа на Скопското Кале, по повод одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката.

Ковачевски рече дека иако порано историјата го оценувала кревањето на Илинденското востание како преурането, денес на него се гледа на неминовно и неопходно, а благодарение на востанието, ние денес имаме своја држава.

Сепак, тој посочи дека одлуки на асномците и илинденците нè обврзуваат да одиме напред.

„Порано битките биле на бојното поле, денес тоа е дипломатското поле. Како рамноправна членка на заедничката маса на НАТО, го осигуравме територијалниот интегритет, успеавме да седнеме на европската маса и да го отвориме преговарачкиот процес“, рече Ковачевски.

Премиерот им порача на сите кои во следниот период ќе носат важни одлуки оти треба да постапат по истиот аманет – да ја следиме визијата на асномците и илинденците и да изградиме европска држава.

Ковачевски порача дека секој што сака да се повикува на патриотизмот во претстојните одлуки кои треба да обезбедат просперитет на земјава, треба да погледне длабоко во себе и пред себе.

„Денес Републиката има потреба од нова државничка одлука, на денешната генерација народни избраници, со што државата и граѓаните ќе продолжат по зацртаниот пат на напредокот. И денес е потребно да се свртиме кон аманетот кој ни го имаат оставено илинденците и асномците“, порача премиерот Ковачевски.

Пред говорот на премиерот Димитар Ковачевски, на скопската тврдина Кале беше положено цвеќе пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа”. Премиерот Ковачевски ја предводеше владината делегација во чиј состав беа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, како и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Владина делегација предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  и заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, денеска во Скопје, со положување свежо цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“ во Скопје, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен- обележјето на Методија Андонов- Ченто на Градскиот плоштад го отпочна чествувањето по повод големиот национален празник, 2 Август, Денот на Републиката- Илинден.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...