fbpx

Русија го гранатираше украинското пристаниште во Измаил на границата со Романија

Постои сериозна загриженост за ново поскапување на житото по руските напади, а исто така постои загриженост и за глобалната безбедност на храната

-

Руските сили извршија ново опасно бомбардирање на украинското пристаниште Измаил во непосредна близина на границата со Романија. Во напад со дрон се уништени силоси со жито и пристанишна инфраструктура во градот кој се наоѓа на реката Дунав, на крајниот југозапад на Украина, јавува Би-би-си.

Романските медиуми пренесуваат дека во рускиот напад е погодено пристаништето во Измаил што се наоѓа на самата граница со оваа членка на НАТО, чија гранична линија е реката Дунав. Украинското пристаниште претрпело сериозни штети од рускиот напад, но засега нема информации за жртви.

Инаку, по повлекувањето од договорот за транспорт на жито, Русија се закани дека ќе ги нападне сите бродови кои пренесуваат украинско жито во Црното море. Поради руската блокада на украинските пристаништа во ова море, Украина се обиде да го пренасочи извозот на житарици преку пристаништата кои се наоѓаат на реката Дунав.

Сепак, Русија во изминативе две недели изврши серија на загрижувачки напади врз пристаништето Рени кое е лоцирано на оваа река, а со денешниот напад е сериозно оштетен и инфраструктурниот објект во Измаил. Претходно, руските сили го гранатираа и пристаништето во Одеса во Црното море.

Украина е еден од главните извозници на пченица и пченка во светот, а најголемиот дел од пратките до купувачите се движеа преку црноморските пристаништа во земјата. Сепак, по руското повлекување од договорот за транспорт на житото, цените на овие основни прехранбени продукти скокнаа на светските берзи. Постои сериозна загриженост за ново поскапување на житото по руските напади, а исто така постои загриженост и за глобалната безбедност на храната, особено за сиромашните африкански и азиски нации.

Русија изминатава ноќ изврши и напади врз главниот град на Украина, Кијив. Повеќе од 10 руски беспилотни летала биле соборени од украинската противвоздушна одбрана во текот на ноќта, соопштија утрово украинските власти.

„Групи беспилотни летала влегоа во Кијив истовремено од неколку правци. Сепак, сите воздушни цели – повеќе од 10 беспилотни летала – беа откриени и уништени навреме од силите и средствата за воздушна одбрана“, рече Сергиј Попко, началник на градската воена управа на Кијив.

Остатоците од соборените дронови погодиле неколку области, вклучително и во областа Соломјанка. Во областа Голосиевски делови од дрон паднале на игралиште, додека во нестанбена зграда избувнал пожар. Нема загинати и повредени во овие напади, пренесува Гардијан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...