fbpx

Најмалку 11 лица загинаа во руски ракетен напад врз градот Покровск

Гувернерот на Донецкиот регион, Вадим Филашкин изјави дека руските сили нападнале со ракети од системот за противвоздушна одбрана С-300, а главниот удар бил во градовите Покровск и Ривне

-

Во рускиот ракетен напад врз градот Покровск загинаа најмалку 11 лица, од кои пет деца, додека повредени биле осум лица, пренесува Медиапул.бг. На објавените снимки од местото на нападот се гледа како спасувачки екипи пребаруваат по руините на уништениот објект во овој град во Донецкиот регион.

Гувернерот на Донецкиот регион, Вадим Филашкин изјави дека руските сили нападнале со ракети од системот за противвоздушна одбрана С-300, а главниот удар бил во градовите Покровск и Ривне. Пред почетокот на војната, во Покровск живееле 60.000 лица и истиот се наоѓа на околу 50 километри од фронтот.

Во текот на вчерашниот ден, украинските власти соопштија дека уништиле руски команден центар на аеродромот во Саки на Кримскиот полуостров. Руското Министерство за одбрана пак соопшти дека нивните системи за противвоздушна одбрана успеале да пресретнат и уништат четири украински ракети.

По жестоките ракетни удари врз териториите на двете соседни земји, гувернерот на рускиот регион Белгород, Вјачеслав Гладков им вети на локалните жители дека ќе помогне во релоцирање на цивилите кои се загрижени за нивната безбедност по најновите украински ракетни напади врз овој регион што граничи со Украина, пренесува Си-ен-ен.

Станува збор за ретко признание на руско официјално лицe за опасноста од војната која само до неодамна ја чувствуваа Украинците. Белгород изминативе денови беше сведок на серија од украински напади. Минатата сабота најмалку 25 лица загинаа во ракетирањето на самиот град.

Гувернерот Гладков во своето обраќање до жителите на Белгород им посочи дека неколку семејства веќе биле превезени на помирни локации во Русија, додавајќи дека тој ќе го направи сето она што зависи од него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...