fbpx

Да нема илузија кај партиите дека уставните измени може да се репреговараат за влез во ЕУ

Дипломатите од Виена брифираат дека нема да има повторно разгледување на преговарачката рамка со ЕУ за нашата земја, како и дека е илузија оти некоја друга политичка партија ќе може да го промени ваквиот став на ниво на ЕУ

-

Продолжување на преговорите за пристапување на С. Македонија во ЕУ, нема да има додека не се заврши процесот на уставни измени во Собранието на РСМ, односно додека политичките партии не постигнат консензус по ова прашање. Нашата земја најверојатно нема да биде точка на дневниот ред на лидерскиот самит на ЕУ во декември, посочуваат дипломатски кругови од Виена.

Дипломатите од Виена брифираат дека нема да има повторно разгледување на преговарачката рамка со ЕУ за нашата земја, како и дека е илузија оти некоја друга политичка партија ќе може да го промени ваквиот став на ниво на ЕУ. Пораката е јасна – уставните измени мора да поминат во Собранието на РСМ, а токму од нив ќе зависи и натамошната динамика на процесот на преговори со ЕУ.

Од Виена пристигнува и пораката македонските политичари да не ја доведат земјава во политичка криза. ВМРО-ДПМНЕ сега велат дека уставните измени се неприфатливи, бидејќи им ги намалуваат шансите за победа на парламентарните избори. Но, се поставува прашањето – зошто од ВМРО-ДПМНЕ се уверени оти СДСМ ќе обезбеди дво-третинско мнозинство за уставни промени ако ги изгубат парламентарните избори и се најдат во опозиција. Со еден збор, зошто од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека СДСМ нема да возвратат со истите методи што сега ги применува ВМРО-ДПМНЕ.

Дипломатите од Виена објаснуваат дека широките коалиции во европските земји не претставуваат невообичаена работа. Од друга страна, блефирањата како од ЕУ, така и од македонските политичари во однос на евроинтеграциите не се потребни. Ветувања дека ќе нема блефирање и поставување нови услови во иднина има и од Бугарија, велат виенските дипломати.

Дипломатските кругови во Виена ги критикуваат усвоените измени во Кривичниот законик, кои експресно на предлог на македонската влада беа есенва донесени во парламентот. Ова не е вистинскиот правец во кој треба да се одвива борбата против корупцијата во земјава. Сепак, дипломатите додаваат дека треба да има и поголема решителност од Брисел во насока на покажување интерес за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

Финансиската поддршка, пристапот до единствениот пазар на ЕУ и Планот за раст за Западен Балкан се некои од механизмите кои не треба да претставуваат алтернатива за членство на ЕУ, туку поддршка од Унијата која ќе оди во насока на идно зачленување на овие земји во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...