fbpx

Истрага за 23 луѓе осомничени за трговија со дрога и оружје

Во зависност од побарувачката на заинтересирани купувачи, наркотичната дрога – кокаин спакувана во помали паковки се продавала по цена од 60 евра до 100 евра за 1 (еден) грам, 50 грама марихуана со висок квалитет по цена од 100-250 евра, додека масло од хашиш нелегално произведено во домашни услови се продавало по цена од 40 евра од кубик

-

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, е спроведена полициска акција во охридско – струшкиот регион. Со акцијата е сузбиена повеќечлена криминална група чии членови, со цел противправно стекнување на имотна корист, подолг временски период се занимавале со неовластено набавување и продажба на наркотична дрога и оружје, информира денеска Јавното обвинителство. За акцијата информираше и МВР.

„Од јануари до ноември годинава, првоосомничениот, заедно со тројца други осомничени, како повеќе лица се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет кокаин, хашиш и марихуана и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на наркотичната дрога“, наведено е во соопштението на Обвинителството.

Нелегалните активности во делот на продажбата ги вршеле во три мрежи заедно со 16 од останатите осомничени лица. Првоосомничениот неовластено набавувал наркотична дрога – кокаин или марихуана од лица од Албанија и набавената количина ја пренесувал и сокривал на безбедна локација на подрачјето на Општина Струга, по што дел од наркотичната дрога, наменета за брза продажба ја пренесувал во два угостителски објекти во Струга, а останатата количина на наркотичната дрога спакувана во помали пакувања се продавала преку мрежите воспоставени од останатите тројца организатори.

Првоосомничениот ги организирал и ги одобрувал продажбите, па при секоја продажба откако припадниците на групата кои имале улога на препродавачи ќе стапеле во контакт со заинтересиран купувач на наркотична дрога, го информирале организаторот на мрежата на која припаѓале и по извршената купопродажба на наркотичната дрога, паричните средства ги предавале на организаторот, а тој на првоосомничениот кој како награда им давал процент од постигнатата цена.

Кога заинтересираните купувачи на наркотични дроги, биле непознати на осомничените, се барало дозвола за продажба од првоосомничениот. Во зависност од побарувачката на заинтересирани купувачи, наркотичната дрога – кокаин спакувана во помали паковки се продавала по цена од 60 евра до 100 евра за 1 (еден) грам, 50 грама марихуана со висок квалитет по цена од 100-250 евра, додека масло од хашиш нелегално произведено во домашни услови се продавало по цена од 40 евра од кубик.

Во истиот временски период, четворица осомничени, се организирале како злосторничко здружение заради неовластено набавување, држење и продавање на огнено оружје и муниција кои на граѓаните им се забранети, а во тргувањето со оружје се приклучиле уште двајца од осомничените. Еден од организаторите од НН лица набавувал разно оружје и муниција што ги сокривал на безбедни локации на подрачјето на општина Струга, по што останатите петмина осомничени контактирале со заинтересирани купувачи и им нуделе оружје и муниција за продажба.

Со дејствијата опишани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка 20 лица се осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичен законик од нив тројца се осомничени и за сторено кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.6 в.в. со ст.1 од Кривичен законик, за кое дело се осомничени и останатите три лица.

„Во акцијата од слобода се лишени 19 лица, три лица се недостапни на органите на прогонот, а едно лице е во притвор заради обид за убиство во друг кривично правен настан. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе предложи определување на мерката притвор за сите осомничени лица од кои за две лица ќе предложи мерка куќен притвор“, наведено е во соопштението на Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...