среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: дрога | 148 резултати

ЦИА доби овластувања да делува во Венецуела, целта е да се спречи шверцот на дрога

октомври 16, 2025

Претседателот Доналд Трамп изјави дека ја овластил ЦИА да дејствува во Венецуела за да ги сузбие нелегалните приливи на мигранти и дрога од јужноамериканската нација, но не кажа дека тие ќе имаат овластување да го отстранат претседателот Николас Мадуро. Ова се најекспанзивните коментари на Трамп за неговата одлука да ги прошири овластувањата на ЦИА за […]

Пронајдена дрога во домот на студентка од Турција

октомври 13, 2025

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на Република Турција. При претресот, извршен по добиен налог од надлежното обвинителство, инспектори од Одделението за истраги, пронајдоа вкупно шест таблети од 0,29 грама прихотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис. […]

Истрага против четири лица за препродавање дрога

октомври 9, 2025

По повеќемесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден во координација со предметен обвинител, единиците на МВР спроведоа акција на повеќе локациии низ градот Скопје, соопштуваат во Јавното обвинителство. При претресите била пронајдена количина на наркотични дроги – кокаин и марихуана, а во домот на еден од осомничените се пронајдени и куршуми за пиштол, за […]

Откако син му беше фатен со кокаин, МВР започна внатрешна истрага за инспекторот за наркотици во Тетово

октомври 9, 2025

Одделот за внатрешна контрола го истражува случајот на синот на инспекторот за борба против дрога Орце Смилевски од Тетово, кој пред неколку дена беше фатен со кокаин. Ова го потврди Министерството за внатрешни работи за Порталб.мк. На прашањето на Порталб.мк дали Министерството за внатрешни работи ќе спроведе внатрешна истрага и какви мерки ќе преземе за […]

МВР уништи над четири тони и илјадници стебла марихуана, дваесет килограми друга дрога и над илјада парчиња оружје

септември 15, 2025

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот, Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје, во електропечката на Макстил – Скопје со палење беа уништени голема количина на дрога и оружје. „Денеска уништуваме над четири […]

Притвор за гевгеличанец осомничен за трговија со дрога

август 5, 2025

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека извршило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во исто време, тој е осомничен и за одземање или […]

Лишени од слобода 12 лица во гевгелиско, кај нив пронајдена дрога

јули 26, 2025

На 25/26.07.2025 во времето од 22.00 до 03.00 часот на локален пат од село Миравци кон место викано „Бел Рај“, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Б.Ј.(25), С.Н., М.К.(31), Н.М.(20), А.И.(24), Ф.П.(22) и Д.Б.(34) сите од Скопје, Г.А.(21) и Т.Ј.(38) и двајцата од Кавадарци, К.П.(21) од Неготино, П.З.(38) од Радовиш […]

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

јули 16, 2025

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден затворски полицаец поради основано сомневање дека сторил кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. Во текот на […]

Преку „Скај“ апликацијата откриен шверц на кокаин од Холандија во земјава

јули 16, 2025

Врз основа на докази добиени преку „Скај“ комуникацијата, предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. „Утрово беше извршен претрес на три локации, при што едно лице е приведено. Постои основано сомнение дека осомничените, заедно со други сега починати лица, […]

Дваесет години затвор за монструмот кој една деценија ја дрогирал и силувал сопругата со 50 соучесници

декември 19, 2024

Монструмот Доминик Пелико беше прогласен за виновен во масовниот случај каде што ја дрогирал и силувал својата сопруга со 50 соучесници. Случајот ја шокираше Франција. На Пелико му е изречена максимална казна од 20 години затвор за тоа што повеќепати ја дрогирал и силувал тогашната сопруга Жизел Пелико, а заедно со уште десетици други лица […]

Браќа од Охрид нарачале два килограми кокаин од Бразил, „мулето“ фатено на аеродром

ноември 10, 2024

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сношти десет минути пред полноќ го лишиле од слобода 34-годишниот Д.С.А.Д. од Бразил откако при претрес со кучиња му биле пронајдени два килограми кокаин. Тој е уапсен под сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. За време на […]

Сериозен проблем е употребата и продажбата на наркотици меѓу тетовските ученици

октомври 29, 2024

Сериозен проблем е употребата и продажбата на наркотични средства од ученици во тетовските училишта, пишува Порталб.мк. Како што се наведува, вознемирувачка е статистиката од надлежните институции, а експертите ги анализираат причините кои го промовираат ваквото девијантно однесување на младите и нудат препораки за превенција. Општинскиот совет за спречување на малолетничката деликвенција во Тетово спровел анкета, […]

(ВИДЕО) Разбиена организирана криминална група за посредување во вршење проституција и трговија со дрога, истрага против 14 лица

октомври 17, 2024

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР заедно со истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК, а под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведоа координирана акција во рамките на која е целосно разоткриено злосторничко здружување во западниот дел од земјата. Во акцијата од […]

Претрес во Штип, пронајдена е дрога и приведен е дилер

октомври 12, 2024

Вчера во Штип полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Штип го лишиле од слобода М.Ж.(41) од Штип. При претрес во неговиот дом и помошни простории на две локации во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од  бела прашкаста материја, различни видови […]

Запленети 51 килограм марихуана во Демир Хисар, покрената истрага

октомври 5, 2024

Вчера во близина на с. Слаудево, демирхисарско, беше лишен од слобода лицето Е.Е.(53) од с. Калишта, струшко, откако биле пронајдени 51 килограм марихуана во неговото возило. „Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил ‘ауди’ не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на […]

Притвор за велешанец и велешанка зашто пренесувале хероин

септември 6, 2024

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Како што информира Обвинителството, осомничените, […]

Затвореник од Идризово проголтал цело пакување со дрога

август 12, 2024

Вчера околу 20.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.С.(40) од Битола проголтал пакување со прашкаста материја, соопшти МВР. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување помош. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Претрес во Скопје: пронајдени над 140 опаковки со дрога, одреден е притвор

јули 31, 2024

При извршен претрес во Скопје биле пронајдени биле 73 паковки со марихуана, 56 опаковки со кафеава прашкаста материја, 13 опаковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9.060 евра и 14.100 денари, информираше МВР. Претресот бил извршен во домот на […]

Приведени 19 луѓе на Д фестивалот во Дојран

јули 1, 2024

Викендов, за време на одржувањето на Д фестивал во Стар Дојран, полициски службеници уапсила 19 лица, откако кај нив била пронајдена дрога. Лишени од слобода се А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, […]

Страна 1 од 8