fbpx

Стаорци изеле дрога во полициска станица во Индија, не во С. Македонија

-

Текстот  нема никаква поврзаност со С. Македонија, настанот се случил во Индија и индиската полиција соопштила дека стаорци изеле 200 килограми запленет канабис. Насловот на текстот споделен во постот претставува типичен пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context). Го измамува читателот кога ќе го види споделен на социјалните мрежи, да помисли дека кога ќе кликне ќе прочита и ќе добие повеќе информации за случка во Македонија, што може да се види и од коментарите под објавата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Објава на Фејсбук во којашто е споделен наслов кој тврди дека полицијата обвинила стаорци дека уништиле дрога која се чувала во просториите на полициската станица, доби големо внимание и активност на социјалната мрежа.

Насловот на текстот е школски пример за „кликбејт“, односно мамец за привлекување кликови и зголемување на читаноста преку манипулација на јавноста со споделување нецелосна информација.

ВЕРУВАТЕ ВО ОВА? Полицијата ги обвини стаорците дека ја уништиле дрогата која се чувала во просториите на полициската станица, се вели во насловот.

Со ваков наслов текстот споделен на Фејсбук привлече огромно внимание и притоа ги наведе корисниците на социјалните мрежи да помислат дека ова се случило во Македонија. Вака кога ќе го прочитате насловот на овој текст додека скролате на социјалните мрежи, прво нешто што ќе помислите дека станува збор за Македонија и дека во македонска полициска станица се случило глувци да ја изедат запленетата дрога.

И за да дознаете повеќе околу оваа невообичаена ситуација, ќе го кликнете текстот за да прочитате дополнителни информации.  И тогаш ќе сфатите дека сте измамени. Ова се случило далеку од Македонија, односно во Индија.

Но и покрај тоа што ова нема врска со Македонија, само за привлекување на што е можно поголема читаност, оваа информација која се однесува на Индија, добива клик-бејт наслов за читателите да помислат дека станува збор за Македонија.

Оригиналната информација, за стаорци кои ја изеле дрогата беше објавена на повеќе светски медиуми, но со коректни наслови дека станува збор за Индија.

Па така, текстот за оваа случка објавен на СИ-ЕН-ЕН има наслов:

Стаорците се обвинети дека изеле 500 килограми канабис складиран од индиската полиција

БИ-БИ-СИ известува вака

Дрога: Индиската полиција соопшти дека стаорците изеле 200 килограми запленет канабис

Насловот на Индепендент е:

Стаорците уништиле речиси 500 килограми канабис запленет од дилери на дрога, соопшти индиската полиција

Објавата на ваков текст и ваков наслов нема за цел точно и прецизно информирање на јавноста туку преку сензационализам да ја манипулира и збунува. Затоа објавата на овој текст на социјалната мрежа Фејсбук стана вирална со над 100 реакции, 56 коментари и 7 споделувања. Од коментарите на текстот, поттикнати од непрецизниот и тенденциозен наслов, може да се заклучи дека читателите се изманипулирани и измамени затоа што поверувале дека ова се случило во Македонија.

Од нивните коментари се гледа дека 99 отсто од нив не знаат дека е случка во Индија. Во дел од коментарите пишува:

Браво По подолго време и Спасовски да се пофали дека го фатил сторителот на кривичното дело“

Скопско и се е можно

STAORCITE SE POTKUPENI OD VLASTA,UTRE KEGI PUSTAT I VO SUDSTVOTO DA GI UNISTAT DOKAZITE NA KRIMINALOT STO SE PRAVI OD VLASTA

Ваквите сензационалистички наслови на кои им недостасува контекст се креираат само за да се постигне што е можна поголема читаност на сајтот без притоа да се обрне внимание како може објавата да биде сфатена.

Бидејќи во текстот нема ништо поврзано со Македонија, овој наслов претставува типичен пример на комбинација од „кликбејт“ (clickbait) и недостаток на контекст (missing context). Го измамува читателот кога ќе го види споделен на социјалните мрежи, да помисли дека кога ќе кликне ќе прочита и ќе добие повеќе информации за случка во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...