fbpx

МВР: Запленета дрога вредна половина милион евра, меѓу уапсените и наставничка од училиштето „Александар Македонски“

Дрогата ја продавале по 2000 денари за грам амфетамин, 3000 денари за грам кокаин, 600 денари за таблета екстази, а пакување марихуана за 1000 денари

-

Министерството за внатрешни работи откри лабораторија за производство на амфетамин и заплени дрога вредна половина милион евра, соопштија денеска оттаму. Меѓу петмината кои се лишени од слобода, како што потврди портпаролот (МВР) Тони Ангеловски, е наставничка во основното училиште „Александар Македонски“ во Ново Лисиче.

„Лишeни се од слобода пет лица, и тоа Д.Т.(25), Е.М.(35), Ж.П(46), С.Ч.З.( 38), Б.Ф (44), сите од Скопје. Извршени се претреси на седум локации во Скопје и при тоа била откриена лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со вредност од околу половина милион евра, доколку била продадена преку уличните дилери“, наведено е во соопштението од министерството.

Во акцијата се пронајдени синтетичка дрога амфетамин во количина од околу седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, околу 3000 таблети екстази.

Освен тоа пронајдена била автоматска пушка „калашников“, 667 куршуми различен калибар, рамка за автоматска пушка, две рамки за пиштол, повеќе дигитални ваги со остатоци од амфетамин, опрема за производство на синтетичка дрога амфетамин, калапи за амфетамин, поголема количина на течност за производство на синтетичка амфетамин. Имало и тетратки и листови со прибелешки за должници односно лица кои купувале дрога, пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога и четири патнички возила.

„Претходно, во јануари, февруари и март, по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Скопје, беше спроведено криминалистичко истражување насочено кон лица улични дилери, кои вршат продажба на синтетичка дрога амфетамин и на марихуана од Скопје при што веќе беа лишени од слобода три лица Д.Т ( 33) , Д.М ( 37) и Ј. С ( 41) сите од Скопје кои набавувале синтетички дроги и кои се веќе кривично процесуирани“, додаваат во МВР.

Приведените лица, како што информира МВР, подолго време биле инволвирани во улична продажба на синтетичка дрога амфетамин на подрачјето на Скопје за што изнајмиле повеќе станови во центарот на Скопје, како и во населбата Ѓорче Петров, кои ги користеле како депо за чување, производство и пакување на синтетички дроги.

„Тие во нив преземале мерки на заштита со инсталирање на видео надзори. Дрогата ја продавале по 2000 денари за грам амфетамин, 3000 денари за грам кокаин, 600 денари за таблета екстази, а пакување марихуана за 1000 денари“, наведено е во соопштението на МВР.

СВР Скопје, односно единицата за недозволена трговија со дрога и оружје, до надлежното Основно јавно обвинителство денеска ќе поднесе кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

„Вакви активности полицијата спроведува и во другите градови од државата. Од почетокот на оваа недела извршени се 36 претреси, приведени се 32 лица, при што запленет е амфетамин, екстази, марихуана и други видови дрога“, велат во МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...