fbpx

МВР во акција против криминална група што продавала дрога во Штип, Кочани, Берово и Виница

Уапсени се осуммина, Б.И. (38) од с. Грдовци, Н.Ј. (49) од с. Чифлик, К.М. (37) од Кочани, К.К. (44) од с. Чифлик, Г.А. (43) од Виница, Х.М. (22) од с. Банско, С.П. (35), како и полицискиот службеник А.К. (38) од Берово

-

Вчера утрото повеќе полициски оддели, вклучувајќи ги и специјалната единица Тигри извршиле акција против организирана криминална група која е осомничена дека со помош на полицаец од ОВР Берово, продавала марихуана, кокаин и амфетамин во Штип, Кочани, Берово и Виница.

Уапсени се осуммина, Б.И. (38) од с. Грдовци, Н.Ј. (49) од с. Чифлик, К.М. (37) од Кочани, К.К. (44) од с. Чифлик, Г.А. (43) од Виница, Х.М. (22) од с. Банско, С.П. (35), како и полицискиот службеник А.К. (38) од Берово.

„Криминалната група подолг период работела на препродажба на наркотични дроги на овие подрачја и имала логистичка поддршка од полициски службеник од ОВР Берово, кој им помагал со давање информации“, соопшти МВР.

Вчера со судска наредба биле извршени претреси на осум локации на наведените подрачја.

„Кај лицето Б.И.(38) од с.Грдовци биле пронајдени околу 10 килограми марихуана, амфетамин, дигитална вага, повеќе мобилни телефони и патничко возило кое го користеле за препродавањето на дрогата. Кај лицето Н.Ј.(49) од с.Чифлик била пронајдена марихуана. Кај К.М.(37) од Кочани била пронајдена марихуана и мобилни телефони. Претреси биле извршени и кај лицата К.К.(44) од с.Чифлик, Г.А.(43) од Виница, Х.М.(22) од с.Банско и С.П.(35), кај кого биле пронајдени марихуана, кокаин и дигитална вага. Исто така, во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, бил извршен претрес и во домот на полицискиот службеник А.К.(38) од Берово и биле одземени три мобилни телефони и два компјутери“, соопшти МВР.

Полицијата најави дека ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Оттаму додаваат дека веќе се обезбедени докази и биле запленети марихуана и амфетамин за што кривично се процесуирани две лица во Скопје и едно во Виница, кои издржуваат мерка притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...