fbpx

Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога вредна 250.000 евра

-

Пресечен е меѓународен транспорт на наркотични дроги и запленети се околу 67 килограми марихуана, со проценета вредност од околу 250.000 евра, информира Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека акцијата ја спровеле Единицата за недозволена трговија со дрога, односно секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со СВР Велес и Царинската управа.

„По добиени информации за можен транспорт на наркотични дроги, преземени се мерки за проверка и анализа, при што е дојдено до информации и утврдување на идентитетот на лицето кое е инволвирано во вршење на транспортот“, информира портпаролката во МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

Полициски службеници од отсекот за дрога при СВР Велес на наплатна станица Отовица, во правец на Скопје, запреле возило „фолксваген туран“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.Ј. (46) од Скопје. Под сомнение дека со возилото се пренесува наркотична дрога, тоа е пренесено на граничен премин Блаце.

„Тим од мобилна царина и со употреба на службено царинско куче, извршија детален преглед и во возилото е откриен специјално направен простор-бункер во подот од возилото, вклучувајќи го и подот од багажниот простор, како и резервоарот од самото возило, кои биле исполнети со повеќе пакувања со марихуана во количина од околу 67 килограми“, соопшти Прањиќ Талевска.

Лицето за паричен надомест од 2.500 евра требало со неговото возило да ја транспортира дрогата од Република Албанија, преку територијата на нашата земја, до Република Турција како крајна дестинација. Денеска (02.11.2022) од страна на СВР Велес до надлежното ОЈО Велес ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а лицето ќе биде спроведено пред судија на претходна постапка од Основен суд Велес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД одобри 61 милијарда долари за воена помош за Украина

Претставничкиот дом изгласа мерка со која одобри милијарди долари за воена помош за Украина, Израел и земји во југоисточна Азија, вклучувајќи го Тајван, пренесува Би-би-си. Мерката вклучува 61 милијарда долари...