Спречен меѓународен транспорт на дрога од 200.000 евра

Двете лица од страна на грчката полиција се задржани за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави

-

Полициски службеници на граничната полиција од Регионалниот центар Југ, во близина на местото викано Вршник Бара, непосредно покрај граничната линија со Република Грција вчера во 23:30 часот забележале две лица кои од територија на Република Северна Македонија исфрлиле две торби преку жичаната ограда на грчка територија, а потоа и самите ја преминале граничната линија, информираше денес Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Поради сомнение дека во торбите се пренесува марихуана, од страна на Регионалниот центар Југ во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, известени се Службата за дрога со седиште во Килкиз и грчката гранична полиција и како резултат на заедничките и координирани активности на полициските службеници од двете земји за кусо време се пронајдени двете торби во кои биле сместени околу 40 килограми марихуана, а малку подоцна лишени од слобода се В.Х.(36) и Е.Џ.(52), двајцата државјани на Република Албанија. Двете лица од страна на грчката полиција се задржани за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, наведено е во полициското соопштение.

Ова е втора ваква заедничка акција од почетокот на август помеѓу двете полиции, при што и во првата беше спречен транспорт на 40 килограми марихуана, како резултат на разменети информации помеѓу Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар Југ и Службата за борба против дрога од градот Килкиз.

Како што соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР, во првата акција, на територија на Р. Грција беше лишен од слобода грчкиот државјанин Ј.С., кај кого беше пронајдена марихуаната. Таа истакна дека воспоставената успешна соработка помеѓу службите за борба против дрога и граничната полиција од двете земји ќе продолжи и во иднина, со цел спречување на секаков вид на прекуграничен криминал.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол доби забрана да ја напушти земјата

На јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол му е забрането да ја напушти земјата поради неуспешниот обид за воведување воена состојба, изјави денеска официјален претставник на Министерството за правда, поради зголемените повици...

Истрага против разбојник од Скопје, крадел чанти и накит од девојчиња

Основното јавно обвинителство Скопје започна истражна постапка против 26-годишник кој е осомничен дека сторил повеќе кривични дела разбојништво и тешки кражби. Негови жртви биле жени или девојчиња, кои ги напаѓал на...

По падот на Асад, се спасуваат сиријци затворени во подземни ќелии на затворот Седнаја

Падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се прославува на улиците низ многу градови на Европа и светот. Сиријците и денеска спасуваат преживеани од озлогласениот сириски затвор Седнаја, каде се...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол доби забрана да ја напушти земјата

На јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол му е забрането да ја напушти земјата поради неуспешниот обид за воведување воена состојба, изјави денеска официјален претставник на Министерството за правда, поради...