fbpx

Становите на Мијалков во Охрид се продаваат за речиси 2.000 евра по квадрат

Според огласот, на распродажба се ставени два стана во Охрид - едниот од 46 квадратни метри е со цена од 94.000 евра, додека другиот (58 квадратни метри и помошни простории од 56 квадратни метри) се продава за 146.000 евра

-

Агенцијата за управување со недвижен имот на лицитација го стави дел од имотот на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, запленет за случајот „Империја“. Лицитацијата ќе се одржи на 25 август.

Според огласот, на распродажба се ставени два стана во Охрид – едниот од 46 квадратни метри (плус 19 квадратни метри помошни простории) е со цена од 94.000 евра, додека другиот (58 квадратни метри и помошни простории од 56 квадратни метри) се продава за 146.000 евра. Станува збор за два стана во иста зграда.

Понатаму, на продажба е ставено и градежно неизградено земјиште во Радња, кое исто така било во сопственост на Мијалков.

Принтскрин, Агенција за управување со одземен имот

Претходно, за тргување на Македонската берза за хартии беа ставени акциите запленети од предметот „Империја“ кои се во сопственост на Мијалков. Акциите во „ТТК“ банка, Тутунски Комбинат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги се продаваа во пакет, но не се продадоа.

Мијалков призна вина за предметот „Империја“ и се спогоди со Обвинителството, по што државата му конфискуваше имот во вредност од 15.000.000 евра. На списокот има вкупно 33 имотни листови.

Пријавувањето за становите во Охрид трае до 23 август, а лицитацијата ќе се одржи два дена потоа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...