понеделник, 9 март, 2026
Meta.mk

Ознака: станови | 74 резултати

Невистинита е објавата што тврди дека „владата обезбедила 800 бесплатни станови“

21 септември 2024

Единствената цел на вака креираната невистинита најава за „800 станови обезбедени од македонската влада“ е да се генерира интернет сообраќај, односно да се натераат што поголем број на корисници да пристапат до страниците кои што се рекламираат. Притоа не се бара од нив да остават никакви податоци од кредитна картичка. Целта на оваа објава е […]

Германската градежна индустрија е загрозена од бран банкротства

23 ноември 2023

Загубите на работни места во германската станбена индустрија се закануваат да предизвикаат бран банкроти и загуба на многу работни места, предупредија претставниците на индустријата и синдикатите, барајќи конкретни чекори од политичарите, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Со дополнителен пад на изградбата на станови, следната година може да очекуваме бран банкротства и губење на околу 100.000 […]

На лицитација трите стана на Мијалков на Водно – се продаваат по 1.400 евра за квадрат

9 ноември 2023

Три стана и гаража на улицата Славејко Арсов на Водно, во сопственост на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Милајков, се објавени за продажба од страна на Агенцијата за управување со одземен имот. Станува збор за три стана – тој од 78 квадратни метри се продава за 108.000 евра, а двата стана […]

АНАЛИЗА: Побарувачката на станови забавува, дали цените ќе се намалат?

7 ноември 2023

Над 2.000 евра за квадратен метар за нов стан во централното градско подрачје во метрополата. Цените на становите и годинава растеа но со забавено темпо во однос на лани, пишува Порталб.мк. На пазарот со недвижности веќе се регистрира тренд на забавена побарувачка на станови. Зголемена понуда, забавена побарувачка на станови „Контактирајте нè. Во централно подрачје на град […]

Германија ја решава кризата со недостигот на станови

26 септември 2023

Германската влада постигна договор за мерки за решавање на проблемот со недостигот на станбен простор во државата. Планот предвидува поголема помош за семејствата за купување стан, но и суспендирање на некои мерки за енергетска ефикасност, јавува германската агенција ДПА. Според планот од 14 точки, во кој имала увид агенцијата ДПА, претходно планираното заострување на енергетските […]

Становите на Мијалков во Охрид се продаваат за речиси 2.000 евра по квадрат

11 август 2023

Агенцијата за управување со недвижен имот на лицитација го стави дел од имотот на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, запленет за случајот „Империја“. Лицитацијата ќе се одржи на 25 август. Според огласот, на распродажба се ставени два стана во Охрид – едниот од 46 квадратни метри (плус 19 квадратни […]

Не се укинати патните трошоци на пратениците

23 јули 2023

На една година до крајот на мандатот на актуелниот пратенички состав, ветувањето на владејачката СДСМ дека ќе се укинат патните трошоци на пратениците и дека тие ќе бидат заменети со станови за секој пратеник, е неисполнето, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Во изборната програма „Можеме“ (стр 11), […]

Лани изградени 3.844 станови – повеќе од половината се во Скопје, а третина во Аеродром

14 јуни 2023

Во текот на 2022 година завршена била изградбата на 3.844 станови, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика. Повеќе од половината од становите се во Скопскиот регион (2.107), додека во одредени градови и региони речиси и воопшто да не се градело. Во Полошкиот регион за една година, лани, биле изградени […]

Ѓоргијев: Се очекува благ пад на цената на становите

19 април 2023

Се очекува дека цените на становите во наредниот период ќе имаат благ пад, смета Зоран Ѓоргијев, директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката. Ова, според Ѓоргијев, се должи на намалувањето на цените на градежните материјали. „Според она како што се движат работите сега, […]

Попис 2021: Во земјава има 205 села без жители, скопски Аеродром со најголем број домаќинства

21 декември 2022

Дури 205 села во земјава се ненаселени без ниту еден жител којшто бил регистриран лани за време на пописот. Бројката на ненаселени места расте, но се зголемува и бројот на жители и домаќинства кои ги има Скопје, и особено, скопската општина Аеродром, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во согласност со Програмата за објавување […]

Далеку сме од енергетска ефикасност, некои граѓани немаат бања и кујна во домовите [инфографик]

28 јули 2022

Енергетската ефикасност и производството на електрична енергија од сончеви колектори се неостварлива реалност за најголем дел од македонските домови, а дел од граѓаните во земјава се соочуваат со проблем за задоволување на најосновните животни потреби од минатиот век – вода за пиење, канализација и струја. Државниот завод за статистика (ДЗС) го објави најновиот сет на […]

Попис 2021: Речиси 37 отсто од становите во земјава се ненаселени [инфографик]

27 јули 2022

Според новите податоци од Пописот 2021 кои ги објави Државниот завод за статистика, речиси 37 отсто од изградените станови во Северна Македонија се ненаселени. На ниво на држава изградени се околу 840.000 станови, а од нив 307.000 се празни. Споредено по број, најмногу ненаселени станови има во Скопје, речиси 60.000, што процентуално земено изнесува близу […]

Попис 2021: Јавниот простор се уништува во Скопје, бројот на станови зголемен за 30,6 отсто

1 април 2022

Јавниот простор е ограничен ресурс, којшто треба внимателно да биде планиран и организиран за да го спречи урбанистичкиот хаос во еден град. Поразителни се најновите податоци на Државниот завод за статистика од минатогодишниот попис за главниот град. Бројот на жители во Скопје е 526.502 лица, што претставува раст на населението за 3,9 отсто во однос […]

Нови сведоштва пред судот за тоа како Никола Груевски купил два стана на „Бихаќка“

10 декември 2021

Судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“ продолжи денеска со сведочењата на двајца сведоци – секретарката на бизнисменот Александар Ивановски – Теранова, Татјана Стојановска, сосетката на поранешниот премиер Никола Груевски, Бисерка Јовковска и сопственикот на „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев. Татјана Стојановска на судењето посведочи како фиктивно купила два стана на улицата Бихаќка во […]

До 20 часот вчера попишани биле вкупно 1.460.552 лица, непопишаните треба да одат во Пописните комисии

25 септември 2021

Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Денеска е 21. ден од Попис 2021 и до крајот остануваат уште пет дена пописни активности. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица. Пописот на населението, […]

Уште осум дена до крајот на пописот, од ДЗС се децидни дека никој нема пристап до личните податоци

23 септември 2021

Уште осум дена до крајот на пописот кој во земјава не е направен две децении. Од Државниот завод за статистика велеат дека попишувачите работат со максимален капацитет за никој да не биде изоставен и непопишан. Тие апелираат граѓаните да бидат трпеливи, но и да не примаат лажни попишувачи, односно да проверат дали се овластени од […]

АНАЛИЗА: Цените на становите зголемени за 4 отсто, бројот на одобренија за нови згради пораснал за 35 отсто

8 септември 2021

Значајно поскапување на становите, односно недвижностите во првиот економски квартал. Во истиот период регистриран е и раст на бројот на издадени одбренија за изградба на згради, пишува „Порталб“. На територијата на дел од општините кои беа под мораториум за градба – се враќа машинеријата. Летен „залет“ на градежништвото, становите поскапеа Од 2015 година, во вториот кавртал […]

Обвинение против Груевски, Мијалков и четворица други за плацовите на Водно, а становите да бидат конфискувани

12 мај 2021

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Одделението за организиран криминал  и корупција при Основниот кривичен суд Скопје достави обвинителен акт против шест лица. На обвинетиот Н.Г. му се става на товар дека сторил кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ од чл.273 […]

Градежните компании бараат посебни мерки поради скапите материјали за да не растат цените на становите

26 април 2021

Градежниот сектор бара од Владата посебни и директни мерки за да може да го одржи континуитетот на работење во услови на пандемија. Последниот раст во производството е регистриран на крајот на 2019 година од 8,9 отсто. На почетокот на минатата година, падот во нискоградбата и во високоградбата изнесувал 16,6 отсто, а на крајот на 2020, […]

Полициски претреси во становите на Груевски и на Јанакиески

23 март 2021

Утрово се извршени претреси во објект на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески во Прилеп, а полициски претреси по налог на јавен обвинител се извршени во станови на Никола Груевски во Скопје, пишува „Слободен печат“. Според весникот, од јавното обвинителство потврдиле дека имало претреси во објекти во Прилеп, но не прецизирале за кои станува збор. […]

Страна 1 од 4