fbpx

Пожар во автокамп во Охрид, нема повредени

По неколкуте пожари, случени деновиве на отворен простор на подрачјето што го покрива, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел поголема заштита на регионот од појава на пожари, велат од СВР Охрид

-

Вчера, на 6 април, околу 18 часот во охридската полиција било пријавено дека на плажа на брегот на Охридското езеро, во близина на автокамп, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

„По неколкуте пожари, случени деновиве на отворен простор на подрачјето што го покрива, СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел поголема заштита на регионот од појава на пожари“, велат од СВР Охрид.

Оттаму апелираат граѓаните да избегнуваат палење оган во шумските предели, на стрништа, на плевел, отпадоци и на секој друг отворен простор.

„Потсетуваме дека предизвикувањето шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни кривични пријави и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици“, се вели во соопштението на полицијата..

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...