fbpx
Таг: дрога

таг: дрога

Притворен грчки државјанин кој превезувал 300 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за производство и промет на дрога, информираат од таму. „Осомничениот, грчки државјанин, на 28 јануари пренесувал наркотична дрога, марихуана во количина од 309,6 килограми што била наменета за продажба. Дрогата ја пренесувал во товарно возило „сканиа“ со грчка регистарска ознака. Во возилото, помеѓу разновидната стока наменета за превоз од Атина до...

Пронајдени 150 килограми дрога во Арачиново

При претресот на куќа и помошни простории на двајца осомничени во Арачиново, вчера биле пронајдени околу 150 килограми разновидни материи, за кои се претпоставува дека се наркотични дроги, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) - Скопје. Обвинителството учествувало во акцијата спроведена од СВР Скопје и Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на Криминалистичка полиција. По наредба на...

СВР Штип околу Нова година запленил три килограми марихуана – двајца притворени

Секторот за внатрешни работи Штип во два одвоени случаи запленил околу три килограми марихуана и поднел кривични пријави против три лица, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекузори. Во едниот случај, кривична пријава е поднесена против 33-годишниот штипјанец Б.М. во чиј, при претрес полицијата пронашла и запленила околу половина...

Откриени 128 килограми марихуана во македонски камион во Србија

Во камион со македонски регистерски таблички во близина на Владичин Хан, српската полиција пронашла 128 килограми марихуана. Возачот И.И. (69), македонски државјанин, е уапсен, јави „Јужне вести“. Првично полицајците во резервоарот и во шуплини во камионот пронашла вкупно 131 пакување марихуана со тежина од 80 килограми, а при дополнителните проверки уште 48 килограми марихуана. Возачот ќе биде предаден на Основното јавно...

Милан Зарубица, притворениот од „фабриката“ во Тетово, бил доктор за рак и за дрога

Милан Зарубица, некогаш угледен фармацевт кој докторирал на анализа за лекување карцином, а подоцна станува озлогласен српски нарко-хемичар, е еден од главните организатори на нелегалното производство на амфетамини во „лабораторијата“ во Тетово. Бил уапсен во Мала Речица, во фабриката за екстази и за каптагон во петокот, но тоа не е неговото прво апсење. Како што пишува српскиот весник „Блиц“, Милан Зарубица од...

Притвор од 30 дена за лицата од тетовската лабораторија за амфетамин

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека почнало истрага против двајца државјани на Република Србија и петмина македонски државјани. Тие се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а беа уапсени на крајот на минатиот месец при акцијата на полициите на Македонија и на Србија, кога беше...

Пронајдени 60 килограми марихуана покрај реката Сатеска

Дури 60 килограми марихуана во пакувања од околу еден килограм биле пронајдени вчеравечер крај мостот на реката Сатеска, на стариот пат Охрид - Струга, извести СВР Охрид. Дрогата била пронајдена околу 21 часот вчера, во 59 пакувања, ставени во пет торби. Покрај нив имало и едно пакување кафена прашката материја, која заедно со марихуаната, е испратена за вештачење во Министерството за...

Секој втор во Македонија пуши, најмладите најмногу се опиваат

Речиси секој втор граѓанин на Македонија пуши, а во текот на изминатава година најголемо секојдневно опивање е забележано меѓу младите на возраст од 15 до 24 години, покажува новата студија за употребата на психоактивни супстанци во Република Македонија, која ја изработи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Македонија. Презентирајќи ја студијата, директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети, нагласи дека загрижува...

Во Италија запленета дрога на Исламска држава вредна 50 милиони евра

Во Италија се запленети повеќе од 24 милиони таблети синтетички опијати, чија вредност се пронесува на 50 милиони евра. Италијанските власти тврдат дека екстремистите на Исламска држава планирале со парите од продажбата да финансираат напади на повеќе места во светот. Апчињата ги заплениле припадниците на финансиската полиција и на царината во најголемото италијанско пристаниште Џоја Тауро, стои во соопштението на претседателот од локалниот...

Запленети 16 килограми марихуана на Блаце

Двајца скопјани добија кривични пријави за трговија со дрога, поради обид во земјава да внесат речиси 16 килограми марихуана. Тие на 28 октомври, на граничниот премин Блаце, се пријавиле за влез во Македонија од Косово. При прегледот на автомобилот „шкода октавија“ со кој патувале биле најдени 22 пакувања, односно 15 килограми и 725 грама марихуана. Шверцерите рекле дека дрогата ја презеле од...

Бурна биографија на „боемот“ Борис Трајков, обвинет за проневера во Мелбурн

Медиум на македонски јазик во Австралија, Борис Трајков го нарекува „боем“ и „плејбој“. Австралиската државна телевизија „Еј-би-си“, пак, со него се занимава како осомничен за проневери вредни милиони австралиски долари, како човек уапсен во јануари годинава поради одгледување значителни количества марихуана, како човек што крадел струја додека бил пуштен на слобода со кауција... Австралискиот новинар со македонско потекло, Саша Узунов,...

Во Перу запленети 1.300 килограми дрога и уапсени 17 лица

Полицијата во Перу запленила 1.3оо килограми кокаин во контејнер во пристаниште во близина на Лима и уапсила 17 лица. Групата криумчари ја предводел Мексиканец, а била финансирана од Бразилец, соопшти полицијата и додаде дека дрогата ја пронашле обучени кучиња. Дрогата требало да биде префрлена во Мексико и оттаму во САД со помош на мексиканскиот нарко-картел Синалоа, соопштија властите во Перу. Апсењата истовремено...

На „Блаце“ запленети 22 килограми марихуана

Вкупно 22 килограми марихуана скриени во џип биле откриени од цариниците на граничниот премин „Блаце“ завчера вечерта, соопшти Царинската управа на Република Македонија. Околу 18.30 часот во неделата за влез во државата на граничниот премин „Блаце“ бил пријавен спортски теренец со бугарски таблички, управуван од бугарски државјанин, жител на селото Белаковец, Бугарија. Возачот рекол дека нема ништо за царинење, но...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема фатено дрога не затоа што ја нема, туку зашто е во коалиција со криминалот

МВР под водство на СДС и на неспособниот Оливер Спасовски нема фатено ни грам дрога, не затоа што ја нема, туку затоа што СДС е во коалиција со криминалот, обвини Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција денеска. Тој додаде дека приоритет за СДСМ и за Оливер Спасовски било да се пресметаат со сите полициски службеници кои професионално воделе истраги за нарко-дилерите што одработувале...

Срби и Македонци во Чешка одгледувале марихуана вредна два милиона евра

Во голема рација во Прага и во централниот дел на Чешка се уапсени 16 луѓе, најголем дел Срби и Македонци, кои направиле 11 модерни плантажи на марихуана во затворени простории. Чешката полиција во акцијата запленила повеќе од 7.000 стебла марихуана, која на црниот пазар би достигнала цена од околу два милиони евра, јавија чешките медиуми. Како што соопшти чешката Национална централа за...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема да успее во реализацијата на тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Зоран Заев го претворил СДСМ во „криминално-мафијашка структура“. Партијата нагласува дека пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, се фотографирал со дел од членовите на семејството Гаци, кои, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „се познати по брутални криминали на Косово“ и порачува дека овој пратеник „е директната врска на Зоран Заев со структурите на подземјето од Косово и...

Рама: Не сме во криза како некои соседни земји, па да се бара техничка влада

Откако тричасовните преговори меѓу него и претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, вчеравечер завршија неуспешно, денеска премиерот на Албанија и претседател на Социјалистичката партија, Еди Рама, на прес-конференција кажа дека опозицијата не може да бара техничка влада, бидејќи ситуацијата не е „како во некои соседни земји“. - На Демократската партија ѝ дадовме систем за да ги контролира сите државни структури...

Запленети 7 килограми хероин на граничниот премин Богородица

Царинските инспектори од одделението за оперативни работи за време на велигденските празници на граничниот премин Богородица заплениле 7 килограми хероин, соопштија денеска од Царинската управа. Како што информираат оттаму, дрогата е запленета во саботата, а била сокриена во возило што го управувал државјанин на Србија, кој бил пријавен за влез во земјава. „При контрола на возилото во два акумулатори, од кои...

Запленети 12 тони марихуана во Албанија

Магацин со 12 тони марихуана открила албанската полиција во селото Пагри, кај Пермет, во рамки на голема акција за сузбивање на производството и трговијата со дрога. Магацинот бил контролиран и пред два месеца, но тогаш бил празен, а овој пат е најдена дрогата, која била делумно подготвена за продажба, а делумно се сушела. Уапсени се три лица, по сопственикот на магацинот...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се блиски и соработуваат со лица од подземјето

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини СДСМ и неговиот лидер, Зоран Заев, дека се блиски и соработуваат со лица од криминалното подземје, а во врска со последната полициска акција, спроведена вчера против лица од Прилеп, Битола и од Арачиново. - Јавноста вчера беше сведок дека уште еден лик од подземјето, близок пријател на аболираниот криминалец Зоран Заев, бил инволвиран во нелегална трговија...

Вистиномер: Шведска студија не покажала дека вакцината на „Фајзер“ ја менува човековата ДНК

Експериментот во студијата е направен врз клетки во лабораторија, односно се работи за ин витро експеримент. Ин витро експериментите се важни за давање насоки што би можело да се...