fbpx

На Европа ѝ се заканува синтетичка дрога 50 пати посилна од хероинот

Според сознанијата на Мета.мк фентанилот во форма фластер се препишува на пациенти болни од канцер во терминална фаза кои имаат многу болки. Тој во земјава тешко се наоѓа, но го има во аптеки во соседни држави за релативно ниска цена

-

Европската Унија мора да се подготви за нагло зголемување на појавата на синтетичката дрога фентанил, изјави европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон за Политико.

„Кога разговарав со државниот секретарот Ентони Блинкен, тој за синтетичките дроги го рече следново – или е проблем што го имате, што не знаете дека го имате, или пак е проблем што ќе го имате. Мора да бидеме многу внимателни и многу подготвени“, рече Јохансон.

ЕУ веќе го зајакнува мандатот на својата Агенција за дроги, која се занимава и со здравствените и со безбедносните аспекти на недозволените дроги, и им дава „многу поголема моќ и двојно повеќе ресурси“, додава Јохансон.

Фентанил е синтетичка дрога која се проценува дека е 50 пати посилна од хероинот и е причина за смртта на десетици илјади Американци кои умираат од предозирање секоја година.

Според сознанијата на Мета.мк фентанилот во форма фластер се препишува на пациенти болни од канцер во терминална фаза кои имаат многу болки. Тој во земјава тешко се наоѓа, но го има во аптеки во соседни држави за релативно ниска цена. 

Акциониот план на ЕУ за борба против трговијата со дрога, објавен од претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен во нејзиното обраќање за состојбата на Европската Унија, ќе биде започнат до крајот на оваа година, потврди Јохансон.

Според Европскиот извештај за дроги за 2023 година во ЕУ во 2021 година биле затворени вкупно 434 лаборатории за производство на недозволени синтетички дроги.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...