fbpx

Смртта на средношколец од Скопје злоупотребена на социјалните мрежи

Официјалниот став од МВР е дека момчето починало поради повреди настанати од пад од висина

-

Смртта на средношколец од Скопје, кој починал пред три дена, денеска масовно се злоупотребува на социјалните мрежи, откако професорката на Институтот за историја при УКИМ, Виолета Ачковска, објави дека средношколецот всушност бил отруен од „дрога ставена во пијалок во кафич“. Околу 12 часа по објавата на постот на Фејсбук, професорката го избриша, но во меѓувреме многу други профили на социјалните мрежи, како и медиуми, ја објавија информацијата без да ја проверат.

Од МВР велат дека обдукцијата на телото на момчето покажува дека причина за неговата смрт е пад од височина.

„На 12.03.2023, во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј. Т. (18). Извршен е увид од страна на полициски службеници и по насока на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, при што е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина“, изјавија од МВР.

Според професионалните новинарски стандарди, известувањето за самоубиство треба да се прави многу ретко, само во случаи кога има висок јавен интерес, и никогаш не треба да се тврди дека самоубиството е резултат само на еден настан или фактор.

Но, и покрај тоа, во медиумите и на социјалните мрежи се шират најразлични шпекулации за ставена дрога во пијалоците на неколку млади момчиња, а во дел од објавите се вели и дека имало неколку починати.

На нашето прашање до МВР, дали на истиот датум, 12 март, полицијата евидентирала и други смртни случаи поврзани со овој трагичен настан, ни одговорија:

„Најостро ги демантираме лажните вести во врска со наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје, поради употреба на дрога, кои се шират по социјалните медиуми. Имено, овие лажни вести започнаа оркестрирано да се шират на социјалните медиуми во изминативе неколку дена, при што заедничката шпекулација за сите е дека група средношколци наводно починале од употреба на дрога во скопскиот Градски парк, а низ објавите се разликува само бројката на лица кои биле во групата, која варира од 3 па сѐ до 9, како и периодот на наводно случување на наводниот настан – од викендов, па сѐ до денеска“, изјавуваат од МВР.

Оттаму велат дека пријава за таков настан не постои.

„Очигледна е целта на овие пласирани лажни вести – да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, во случајов кај младите и нивните родители, да нанесат штета на институциите и недоверба кон нив“, велат од МВР.

Професорката Виолета Ачкоска не сакаше да одговори на нашите прашања, врз основа на кои факти и аргументи го базирала јавно објавениот статус на Фејсбук, дека момчето починало откако му била ставена дрога во пијалокот во кафуле, а и зошто подоцна ја избришала објавата.

Погребот на средношколецот бил извршен вчера. Сè уште не е готова токсиколошката анализа за да се утврди дали кај момчето биле пронајдени траги од психотропни супстанци.

Ачковска повикана во полиција за објавата дека момче починало откако му ставиле дрога во пијалокот

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...