fbpx

Речиси 14 милиони евра ќе издвои Владата за лекот „Трикафта“

Игор Пехчевски е еден од најактивните пациенти со цистича фиброза на социјалните мрежи, па токму деновиве тој повторно објави дека е хоспитализиран, чекајќи го лекот „Трикафта“ да стаса во земјава и конечно да го добие

-

Владата на денешната седница донела одлука за набавка на лекот „Трикафта“ за болните од цистична фиброза, во вкупна вредност од 854.549.942,40 денари, односно безмалку 14 милиони евра, соопштија денеска оттаму. Во земјава со оваа болест живеат околу 130 лица. Како што прогресира болеста низ годините, така расте и смртноста. Лек има од новата генерација на т.н. модуларна терапија, која е скапа. Кај нас се дава постара терапија која ги ублажува симптомите, но не ја лекува болеста.

Игор Пехчевски е еден од најактивните пациенти со цистича фиброза на социјалните мрежи, па токму деновиве тој повторно објави дека е хоспитализиран, чекајќи го лекот „Трикафта“ да стаса во земјава и конечно да го добие. Во меѓувреме, од Министерството за здравство најавија дека за три недели треба да стасаат количини за лекување на 39 пациенти. Пехчевски се надева дека ќе биде меѓу нив.

„Се работи за лек што e одобрен од Европската медицинска агенција, а ефектот од терапијата, според информацијата од Министерството за здравство е брз, значителен и одржлив и се користи како стандардна терапија за третман на пациенти со цистична фиброза на возраст над 6 години. Задолжено е Министерството за здравство да достави до Владата предлог-програма за обезбедување терапија за пациенти со цистична фиброза, за 2024 година“, соопштија од Владата.

Минатата година, пред нова година, болните од цистична фиброза беа на протест пред Министерството за здравство и побараа модуларна терапија. Дури на 2 февруари годинава, Владата најави дека ќе го набави лекот „Трикафта“ за 30 пациенти, односно дека набавката ќе се одвива во неколку фази. Првите количини на лекот, стасаа на 9 март. Додека чекаше лек, на 8 февруари почина Благојче Илиевски, кој не го дочека лекот.

Кога тоа се случи, поранешниот министер за здравство Беким Сали, на својот Фејсбук профил напиша дека се обезбедени 140 милиони денари за набавка на лекот. Родители на деца со цистична фиброза и нивни роднини, по смртта на Благојче му оддадоа почит и протестираа пред Владата и побараа итно да се набави лекот.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...