Болните од цистична фиброза на протест пред Министерството за здравство побараа модуларна терапија

-

Пред Министерството за здравство напладне денеска се собраа болни од цистична фиброза за да побараат да им се дава новата, модуларна терапија трикафт, што за нив значи колку-толку пристоен живот и спас од смртта, но и да алармираат дека сега не добиваат терапија редовно и имаат многу проблеми со хоспитализацијата, јави Радио Слободна Европа.

Во земјава со оваа болест живеат околу 130 лица. Сите се главно деца и млади, бидејќи како прогресира болеста низ годините, така расте и смртноста. Лек има од новата генерација на т.н. модуларна терапија, ама таа е скапа, па државата не го набавува. Кај нас се дава главно постара терапија која само ги ублажува симптомите, но не ја лекува болеста.

„Кога ќе прашате пациент како е да се живее со оваа болест тој ќе ви одговори- ставете ја главата во кеса и обидете се да дишете. Најголем дел од нив умираат од оштетувања на белите дробови, поради густиот секрет кој е подлога за развој на многу инфекции“, нагласува радиото.

Директорката на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева – Фуштиќ, која е поддржувач на Асоцијацијата за цистична фиброза, потврдува дека проблемот е во високата цена. Сепак, е децидна дека економската криза не смее да биде изговор.

„Правото на лекување во услови кога постои таква терапија, посебно за одредени болни кои се во понапредна фаза на болеста, терапијата за нив живот значи, мислам дека не треба да биде пречка ни состојбата во државата ни финансиите, треба да се изнајде начин да се обезбеди“, истакна Нацева – Фуштиќ.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос, во интервју...

Министерот Тошковски се сретна со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Панче Тошковски и семејствата настраданите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година кога...

По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во...

„Системот убива, институциите молчат“ – протестен марш на семејствата на жртвите од Кочани

Со транспаренти на кои пишуваше „Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, „Селективна одговорност е неодговорност, бараме правда!“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ и „Системот убива, институциите молчат“,...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос,...