fbpx

Ван дер Белен: Патот на ЕУ интеграцијата на Македонија е трасиран

„Една од клучните теми која ја дискутиравме беше нашиот евроинтегративен процес и во оваа прилика, сакам да се заблагодарам на Австрија за силната поддршка на политиката на проширување на Европската Унија и неспорната континуирана и принципиелна поддршка за нас во тој процес и во контекст“, рече Пендаровски  

-

Претседателот на Австрија, Aлександар Ван дер Белен е во официјална посета на земјава. Тој, во говорот кој го одржа во законодавниот дом, порача дека преговарачката рамка со ЕУ, која С. Македонија ја усвои во јули лани, не може од ново да се преговара и ги увери пратениците дека македонскиот јазик ќе остане неоштетен на нашиот пат кон членство во Унијата.

„Не верувам дека договорот од јули 2022 година ќе се преговара уште еднаш. Иако траеше долго, патот на интеграцијата на Македонија е трасиран. Од вас зависи почитувани пратеници да ги започнете соодветните чекори и брзо да го поминете тој пат“, рече Ван дер Белен.

На заедничката прес-конференција која ја одржаа претседателите Стево Пендаровски и Ван дер Белен, Пендаровски кажа дека оваа посета е значајна за земјава оти се реализира во предизвикувачки времиња на глобални кризи, во време кога руската инвазија врз Украина суштински ги менува безбедносните, политичките и економските структури на континентот, а во нашиот регион се придвижуваат процеси кои можат да помогнат за негова трајна стабилизација и побрза европска интеграција.

„Една од клучните теми која ја дискутиравме беше нашиот евроинтегративен процес и во оваа прилика, сакам да се заблагодарам на Австрија за силната поддршка на политиката на проширување на Европската Унија и неспорната континуирана и принципиелна поддршка за нас во тој процес и во контекст“, рече Пендаровски.

Во рамки на официјалната посета, двајцата претседатели положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Австрискиот претседател и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска ја посетија Старата скопска чаршија. За време на кусата прошетка, австрискиот претседател имал можност да се запознае со повеќе сегменти од историското минато и со културно-историските споменици градени низ вековите околу овој потег на градот.

Австрискиот претседател оствари средби и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со собранискиот спикер Талат Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...