Мицкоски и Ковачевски се препукуваат околу предлозите за уставни измени

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска ја повика ВМРО-ДПМНЕ да остане во процесот за уставни измени и за прв пат да учествува во носењето на одлука за остварување на стратешка цел на државата

-

Лидерите на двете најголеми политички партии во земјава, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски со денови се препукуваат околу предлозите за уставни измени. По ДУИ, и од Алијансата на Албанците денеска нагласија дека се подготвени и тие да излезат од владата доколку ВМРО-ДПМНЕ ги гласа уставните измени, додека партијата БЕСА најави оти нема намера да влезе во евентуална широка влада.

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска ја повика ВМРО-ДПМНЕ да остане во процесот за уставни измени и за прв пат да учествува во носењето на одлука за остварување на стратешка цел на државата.

„На прес конференцијата главен заклучок е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени. Тоа е прво и најважно. Во текот на целиот изминат период тие обвинуваа дека со уставните измени и внесување на други делови од народи во преамбулата на уставот државата ќе била бугаризирана, асимилирана, ќе сме го изгубеле јазикот, идентитетот, културата. Ние кажувавме и кажуваме, фактите говорат дека тоа не е точно. Меѓутоа сега и ВМРО – ДПМНЕ потврди на таа прес конференција дека нема ништо против уставните измени“, изјави Ковачевски.

Тој потсети дека разговорите на средбата се однесуваа и на можноста ДПМНЕ да влезе во заедничка Влада, којашто беше прифатена.

„Таму се разговараше дека ВМРО-ДПМНЕ сака да влезе и да биде дел од Владата, што ние го прифативме. СДСМ е подготвено да отстапи 50% од своите министерски места во Владата. ВМРО-ДПМНЕ имаше уште еден услов а тоа е ДУИ да не учествува во таа Влада. Јас тоа го оценив како барање коешто може да предизвика одредена политичка динамика, меѓутоа ДУИ експресно на самата прес конференција тоа го прифати“, рече Ковачевски.

Сега останува ВМРО-ДПМНЕ да остане во процесот и дијалогот да продолжи, додаде тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак во интервју за Дојче Веле на македонски јазик вели дека СДСМ пропушта историска шанса за заштита на идентитетот и откочување на ЕУ интеграцијата на земјава.

Тој додава дека на лидерската средба понудил два предлога до Ковачевски, за кои и понатаму чекаат одговор од СДСМ.

„Она што го понудив е промена на околностите, заштита на националните интереси и европска интеграција. Првиот предлог кој го дадов е преодна влада без ДУИ, измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ. Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет, и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ, поддржана од опозицијата“, вели Мицкоски.

Лидерот на политичката партија БЕСА Биљал Касами веќе најави дека неговата партија нема да учествува во евентуалната широка влада меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тој најави дека БЕСА би влегла во владата по одржувањето на следните парламентарни избори, како победник во албанскиот политички блок.

По ДУИ, и Алијанса на Албанците соопшти дека се подготвени да излезат од актуелната влада, доколку ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да гласа за уставните измени.

„Во однос на условот на ВМРО-ДПМНЕ за излез на албанските партии од владата, сакам да нагласам дека нас нè интересира завршувањето на европскиот процес и перспективата на граѓаните, а не изборните калкулации. Алијансата за Албанците реши да влезе во владата заради процесот, но ќе се адаптира во зависност од новите околности, дали во владата или надвор од неа“, изјави лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари.

Инаку, од ДУИ кои се трета политичка партија во Собранието на РСМ, веќе изјавија дека се подготвени да поддржат Влада без нив до избори, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада.

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но и тогаш...

За утре и в понеделник во Скопје закажни три собири за кочанската трагедија

За утре и за в понеделник во главниот град се закажани вкупно три собири од три различни иницијативи, а во врска со трагедијата во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“ во која животот...

ФСС Економски ги потсети студентите дека од понеделник продолжува наставата

Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет во Скопје попладнево објави соопштение на својот Инстаграм профил во кое ги потсетува студентите на овој факултет дека од понеделник, 24 март, продолжува редовната формална...

Дел од повредените што се лекуваат во странство следната недела ќе се вратат во земјава

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес изјави дека идната недела треба да почне враќањето во Македонија на првите пациенти што се лекуваат во странство од повредите во...

Оставки во тишина

Последна молитва на моето тело Црн е твојот ветар, а ноќта бела и секој дамар напнат од зрелина. Застани како меч во овој дрворед од тела пред да се срушиш заслепено со белина. Но...