понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: спорот со Бугарија | 188 резултати

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

19 јули 2025

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од бугарски служби и медиуми, со поддршка од опозициската СДСМ. Лефков тврди дека операцијата се води преку мрежа од бугарски портали и т.н. „mushroom“ веб-страници […]

Филипче и Мицкоски со судир на ставови за македонскиот јазик и идентитет во ЕУ

26 јуни 2025

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, упати остро предупредување до премиерот Христијан Мицкоски и Владата поради можноста Европскиот парламент да усвои амандман со кој би се релативизирал статусот на македонскиот јазик. „Се поставува прашањето: дали е загрозен јазикот и идентитетот?“ – запраша Филипче, додавајќи дека […]

Ниту милиметар, ниту сантиметар туку километри ги делат македонско бугарските позиции

30 мај 2025

Во прашање не се милиметри и сантиметри, туку по сè изгледа километри. Вчерашниот говор на премиерот Христијан Мицкоски во македонското Собрание и денешната резолуција на бугарскиот парламент како да откриваат сè подлабока и повидлива дистанца меѓу позициите на Скопје и Софија. И двете страни покажуваат цврст став кој како да е без простор за компромис. […]

Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам Македонци во бугарскиот Комитет за малцинства

29 мај 2025

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања изјави дека нема да направи „ни милиметар“ поместување околу уставните измени сè додека во бугарскиот Комитет за малцинства не биде вклучен и Македонец. „Во Бугарија има Комитет во кој членуваат претставници на малцинствата Роми, Турци и Ерменци, а зарем ние Македонците кои имаме 14 пресуди […]

Контраспин: Врвен национален и државен интерес е утврдување на научната вистина

8 септември 2024

Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, би требало добро да знае дека улогата на членовите на Мешовитата македонско-бугарска комисија е првенствено утврдување на научната вистина, т.е. на фактите, а одбраната на националните интереси е првенствена грижа на политичарите. Зашто ако научната вистина до која се доаѓа преку утврдување на факти и нивно научно толкување во дадениот […]

Евроамбасадорот Гир за преговарачката рамка со ЕУ: Решение има на маса

28 јули 2024

Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Радио Слободна Европа на прашањето дали е прифатливо Уставните измени да се имплементираат на крајот од преговорите, како што впрочем предложи премиерот Христијан Мицкоски, рече дека за Уставните измени веќе има решение на маса и Европската унија очекува напредок кон тоа решение. Евроамбасадорот се сомнева дека новата влада во […]

Контраспин: Спорот помеѓу Словенија и Хрватска нема врска со проблемите меѓу Бугарија и С. Македонија

3 февруари 2024

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски ја извртува вистината т.е. спинува кога вели дека неговата партија може да понуди европски модел за решение на проблемите помеѓу Скопје и Софија по примерот на спорот помеѓу Словенија и Хрватска, кој бил разрешен со помош на Брисел. Едниот тип проблеми, оние помеѓу Скопје и Софија воопшто немаат допирни точки […]

Уставните измени доминираа меѓу спинерските трендови за 2023 година

29 декември 2023

Прашањето за внесување на Бугарите во Уставот беше предмет на најбројни и најчести дебати околу кои беа забележани манипулации и извртување на вистината. По нив следуваа дебатите за борбата против корупцијата и организираниот криминал, во тој контекст посебно измените на КЗ во делот на злоупотреба на службена положба и овластувања, зголемувањето на пензиите, решавање на […]

Почина професор Ивајло Дичев, еден од умерените аналитичари на македонско-бугарскиот спор

7 ноември 2023

Ивајло Дичев, професор на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, културен антрополог и публицист, почина на 68 годишна возраст, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Дичев, професор по културна антропологија на „Св. Климент Охридски“, предавал и во Франција, САД и други земји, а на матичниот универзитет ги раководеше магистерските студии по културна антропологија. Беше ангажиран и пошироко во […]

Контраспин: Има ли поголем македонски национален интерес од евроинтеграциите?

3 ноември 2023

Што ќе стане со нашата кандидатура со замрзнати преговори? Заговорниците на тезата дека „не треба да брзаме“, кои истовремено велат дека „од тебе зависат промените“, на ова немаат одговор. Поточно, нивниот одговор, парафразирано, е дека прво ќе се потпрат на изградба на водовод и канализација за секој граѓанин во државата, на домашна борба со криминалот […]

Контраспин: Изјавата на Мицкоски за „благонадежните Блгари Ковачевски, Пендаровски и Османи“ е спин

5 октомври 2023

Нема ниту еден елемент во преговарачката рамка со ЕУ со кој е засегнат македонскиот идентитет. Оттаму, изјавата „за благонадежни Блгари“ за тие што ја прифатиле е спин. Сосема е друго прашање за руската политика на Балканот и заедничките точки со изборот на водење на македонска државна политика по принципот на реципроцитет, како и цената и […]

Ако се изгласа законот, сите со бугарски пасоши од Македонија ќе бидат јавно објавени

22 септември 2023

Бугарскиот парламент наскоро во второ читање ќе го разгледува предлог-законот за бугарско државјанство, кој, ако биде изгласан по третото читање, ќе овозможи сите иматели на бугарски пасош и бугарско државјанство да бидат јавно објавени. Тоа значи дека сите граѓани на Северна Македонија или пак иматели што работат надвор од земјава со бугарски пасош, ќе бидат […]

Манипулација: Стара изјава на Пендаровски за Гоце Делчев извадена од контекст

16 септември 2023

Во оваа објава на Фејсбук, изјавата на Пендаровски дадена пред четири години е намерно и тенденциозно прикажана без соодветниот контекст. Фактички, од негово интервју направено во јуни 2019 година на Алсат телевизија, извлечена е само една реченица од која погрешно се интерпретира она што го кажува претседателот. Тој во емисијата не вели дека „неспорна историска […]

Михаел Рот: Треба да се изгласаат уставните измени

12 септември 2023

Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг, на денешната средба со својот македонски колега Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања на македонското Собрание, порачал дека во моментов потребно е да се изгласаат уставните измени, согласно препораките во Преговарачката рамка. Истовремено, тој вели дека земјата мора да се посвети на […]

Маричиќ: Испратен недвосмислен сигнал за прoширување на ЕУ, да не ја пропуштаме шансата

29 август 2023

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во изјава за МИА кажа дека не треба да ја пропуштаме шансaта и да се блокираме чекајќи подобри времиња, во момент кога се праќа недвосмислен сигнал за проширување на ЕУ. Според него, ова е доволен сигнал дека работите во ЕУ се менуваат кон подобро. „Работите се менуваат поповолно кон […]

Агелер: Безбедноста и просперитетот на С. Македонија се во пристапувањето во ЕУ

22 август 2023

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска изјави дека не е нејзино да зборува за тоа како тече процесот на уставни измени, но смета дека просперитетот и безбедноста во С. Македонија се во нејзиното пристапување кон ЕУ. Таа додаде дека граничниот премин меѓу С. Македонија и Грција потсетува на тешките одлуки што морала да ги направи земјава. […]

Илхан Ќучук: Нема да има подобар предлог, никој не му витка рака на Скопје

18 август 2023

Нема да има промена на позицијата на ЕУ – ниту има таква желба, ниту пак неколку месеци пред европските избори во ЕК, Советот ќе се зафатат да се ангажираат со менување на правилата. Правилата се тие, усогласени се и секој треба да се прилагоди на нив. Второ – нема да има подобар предлог, бидејќи овој […]

Со невистини за Протоколот со Бугарија се подгрева атмосферата пред уставните измени

9 август 2023

Протоколот којшто МНР го објави нема никаква врска со ограничувања на слободата на Македонците, ниту менување на нивната култура или историја, пишува Вистиномер.мк.   Текстот го пренесуваме во целост: Во објава на социјална мрежа Фејсбук, се тврди следното во врска со Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, одржан на 17 јули 2022 година во Софија: КАКО […]

САД силно ја поддржуваат целосната интеграција на Северна Македонија во ЕУ

8 август 2023

Ги охрабруваме владите на Северна Македонија и Бугарија да продолжат со нивниот билатерален дијалог за решавање на разликите, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик портпаролот на Стејт департментот, на прашањето дали САД добиле некакви гаранции од бугарските партнери дека нема да има ново вето за македонските евроинтеграции откако би се усвоиле уставните измени. […]

Условените оставки на министрите на ДУИ наидоа на различно толкување кај партиите

31 јули 2023

Различни толкувања од политичките партии има по вчерашното поднесување на условени оставки од министрите и владините функционери на ДУИ. Од СДСМ велат дека по потегот на ДУИ, сега на ред е Христијан Мицкоски за да одлучи дали е за ЕУ или за изолација. Од ВМРО-ДПМНЕ пак посочуваат дека нивната позиција е јасна, односно дека уставни […]

Страна 1 од 10