fbpx
Таг: спорот со Бугарија

таг: спорот со Бугарија

Пендаровски и Радев оптимисти по средбата на скопскиот аеродром: Има заедничка волја за развој на односите

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и неговиот бугарски колега, претседателот Румен Радев напладне одржаа кратка средба на скопскиот аеродром, од каде што со бугарскиот државен заеднички авион ќе патуваат во Рим, за заедничко чествување на Свети Кирил и Методиј. Во кратките изјави по средбата, Пендаровски рече дека нема  исход од таа средба, оти станувало збор за пријателска кафе пауза,...

Софија очекува „патна карта“ за преговорите на Скопје со ЕУ како услов за евентуално кревање на ветото

Претседателот на Бугарија Румен Радев очекува во преговарачката рамка на Северна Македонија да биде внесена „патна карта“, па Софија да процени дали условите во неа одговараат на бугарските интереси и дали ќе ја смени својата позиција за да ја крене блокадата на патот на земјата на патот кон ЕУ, пишува бугарски „Медиапул“. Радев, којшто денеска учествува на средбата на европските...

Бугарскиот министер за надворешни како главна цел го зацрта активирањето на дијалогот со Северна Македонија

Основниот приоритет на екипата што го раководи Министерството за надворешни работи на Бугарија е враќање на довербата и активирање на дијалогот со Северна Македонија, порача техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, пренесува бугарски „Дневник“. „Ние сме отворени за дијалог, за барање конструктивно решение. Целта е постигнување одржаливи и неповратни резултати во возобновувањето на довербата меѓу двете држави“,...

Заев по средбата со Вархеји и Силва: Предлогот е добра основа за решение, не навлегува во идентитетските прашања

Важно е дека, во овој момент јасно и одговорно можеме да кажеме дека предлогот е добра основа за постигнување решение за проблемот, решение со кое ќе се отстранат сите пречки и ќе се отворат преговорите преку одржување на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија. За нас, особено важно е што со ова предлог решение никако не се допира и...

Стоев по средбата со Вархеји и Силва: Нема промена на позицијата на Бугарија во однос на Северна Македонија

Нема промена во позицијата на Бугарија во однос на Република Северна Македонија, порача министерот за надворешни работи во техничката влада на Бугарија, Светлан Стоев, по средбата со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугушто Сантош Силва, и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, утрово во Софија, јави бугарски БГНЕС. „Бугарија продолжува со принципиелноста во поддршката на европската интеграција на земјите од...

Милановиќ повторно остар: Во Бугарија се навикнале да ја шутираат Македонија, а таа игра по правилата

Во Бугарија се навикнале да ја третираат Македонија како некој што го шутираш од страна, тоа не е в ред. Тие играат примерно и по правила, ги исполнија сите демократски правила што можете да ги замислите. Се покорија на грчките барања, ги примија во друштвото на мртвите поети, но овој услов на Бугарија е премногу. За некои работи треба...

Ковачев: Мицкоски е поголем бугарофоб и од неговиот претходник Груевски

Бугарскиот европратеник од ГЕРБ, Андреј Ковачев, вели дека се двоумел кој е поголем бугарофоб, сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски или неговиот претходник Никола Груевски (инаку осуден на повеќегодишна затворска казна во земјава н.з.), пренесува БГНЕС. „Додека Зоран Заев, Стево Пендаровски и Никола Димитров ги посетуваат главните градови во Европа, жалејќи се на Бугарија, Христијан Мицкоски директно се залага за...

Бугарската државна безбедност обвини дека странски служби работеле против бугарските надворешно политички позиции

Странски специјални служби ги активирале своите дејствија за маргинализирање на бугарските надворешнополитички позиции, предупредува бугарската Државна агенција за национална сигурност (ДАНС) во својот годишен извештај за минатата година. Иако од контраразузнавањето не посочуваат кои точно служби го правеле тоа, од информацијата може да се претпостави дека нивната работа била насочена кон спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, пишува бугарскиот...

Средба на Заев со Мишел: Да се спроведе едногласната одлука на членките на ЕУ од март 2020 за почеток на пристапните преговори

Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Двајцата соговорници на средбата се согласија дека иднината на Западен Балкан е во полноправното членство во ЕУ, и дека за Северна Македонија и Албанија треба да се спроведе едногласната одлука на земјите членки на Унијата од март минатата година за почеток на пристапните преговори...

Заев во интервју за „Политико“: Неиспорачување на ветеното од страна на ЕУ остава простор за Русија и Кина

Репутацијата на ЕУ на Балканот е нарушена и унијата ќе продолжи да го губи теренот од нејзините ривали ако не започне пристапни преговори во Северна Македонија и Албанија наскоро, предупредува премиерот Зоран Заев во интервју за „Политико“. Тој додава дека стопирањето на интегративниот процес отвара простор за други сили на меѓународната сцена како Русија и Кина. „Многу работи не се...

Порталб: Северна Македонија „во чекална“ и по јуни, малку шанси за почеток на преговори со ЕУ

Нема воопшто или многу малку шанси за почеток на преговори во јуни, на Северна Македонија со Европската унија. Ова е впечаток на експертите од земјата во врска со патот за интеграција на РСМ во ЕУ. Високите дози песимизам преовладуваат од повеќе причини, пишува Порталб.мк. Според Малинка Ристевска Јорданова, од Институтот за европски политики, шансите за почеток на разговори се мали,...

Четири хеликоптери од руско производство на АРМ и МВР ќе се модернизираат во Чешка

Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар денеска е во официјална посета на Скопје, како прв министер за одбрана од земја-членка на НАТО што претстојува во македонскиот главен град по нашето зачленување во Алијансата. Заедно со министерот за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тој го потпиша Меморандумот за разбирање и техничка соработка меѓу...

Фон дер Лајен: Европската Комисија ќе се вклучи уште посилно во барањето решение за старт на преговорите

Премиерот Зоран Заев денеска во рамките на неговата посета на Брисел, оствари средба и со претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, соопшти владината прес-служба. На средбата, на која присуствуваа и заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Заев упати порака до претседателката Фон дер Лајен за уште поактивно вклучување...

Вархеји: Можно е раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ

Иако процесите на евроинтеграции на Северна Македонија и Албанија во ЕУ досега течеа заедно, Брисел би можел да ги раздвои и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокада на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија, порача еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји за „Еуроњус“. Според него, тоа би значело дека...

Димитров: Принципиелната позиција на Германија и нашите реформи создаваат доверба за успех

Принципелната позиција на Германија за остварување на ветувањето кон Северна Македонија и регионот да се приклучат кон Унијата, како резултат на нивната демократска трансформација, е еден од главните двигатели кои ни влеваат доверба во успехот на интегративниот процес. Поминавме долг и трнлив пат поплочен со бројни предизвици кои на моменти изгледаат и ненадминливи, но мора да се направи граница...

На состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет благодарност за поддршката од ЕУ и разочарување од бугарската блокада

Разочарување што Северна Македонија не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ, критики кон Бугарија за блокирањето на евроинтеграциите на земјава, но апел за конструктивно и одговорно однесување на сите партии во Собранието, пропратено со високи оценки за досега постигнатото во Северна Македонија во реформите. Ова се главните теми кои се дискутираа на денешниот состанок на Мешовитиот парламентарен...

Заев и Борисов согласни да не се одлага решавањето на спорот меѓу двете земји

Бугарскиот премиер и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов утрово му телефонирал на својот македонски колега Зоран Заев за да му го честита реизборот за претседател на СДСМ. Во телефонскиот разговор, како што обајцата велат во постови на социјалните мрежи, се согласиле дека не треба да се одлагаат решенијата што двете држави треба да ги преземат во духот на Договорот...

Македонскиот пат кон целосна согласност со Бугарија како одење по жар

Бугарското спротивставување да се одобри преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, односно Советот за општи работи на ЕУ, на 17 ноември 2020 година дојде сосема очекувано, бидејќи се најавуваше и се документираше со резолуции, декларации и изјави повеќе од две години, со посебен интензитет од...

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...