Милановиќ повторно остар: Во Бугарија се навикнале да ја шутираат Македонија, а таа игра по правилата

-

Во Бугарија се навикнале да ја третираат Македонија како некој што го шутираш од страна, тоа не е в ред. Тие играат примерно и по правила, ги исполнија сите демократски правила што можете да ги замислите. Се покорија на грчките барања, ги примија во друштвото на мртвите поети, но овој услов на Бугарија е премногу. За некои работи треба јавно да се проговори. Македонија е жртва во случајот, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вчера, јавува index.hr.

Давајќи ја втората изјава во една седмица во која цврсто застанува на страна на Македонија, Милановиќ вчера на одбележувањето на 19-та годишнина од формирањето на Штабот за поддршка на хрватските вооружени сили, повторно пркосно ги бранеше македонските позиции во спорот со Бугарија за историјата, што е посебно важно бидејќи само ден претходно бугарското МНР ја повика хрватската амбасадорка на разговор поради изјавата на хрватскиот претседател во понеделникот по самитот во Брдо кај Крањ, кога рече дека Северна Македонија е во невозможна позиција заради една земја членка на ЕУ. Тој не ја спомна Бугарија по име, но беше јасно за кого зборува.

Исто така, изјавата на Милановиќ дојде само еден ден откако во нова мисија за наоѓање решение за спорот поради кој Бугарија ја блокира Северна Македонија, во Софија и во Скопје доаѓаат еврокомесарот за соседство и проширување на Европската унија, Оливер Вархеи и португалскиот министер за надворешни работи, Аугусто Сантош Силва. Португалија во моментот претседава со ЕУ.

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот влегува и...

Гори депонија, црн чад се гледа од Шуто Оризари

Голем црн чад од пожар на депонија во Шуто Оризари денеска се гледа од повеќе населби во градот. Според информации од Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, депонијата се наоѓа...

Играта Two Point Hospital е бесплатна на Епик Гејмс до четврток

Играта Two Point Hospital, која е пародија на популарната „Sims“, но сега сместена во болница, e бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за инвентивна игра, полна со многу хумор. Во...

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ

Новото раководство на АД ЕСМ ја обвини претходната власт предводена од СДСМ за катастрофалната состојба во која ја затекнало компанијата, посочувајќи дека РЕК Битола и РЕК Осломеј се во континуирана борба...

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот...