fbpx

Софија очекува „патна карта“ за преговорите на Скопје со ЕУ како услов за евентуално кревање на ветото

-

Претседателот на Бугарија Румен Радев очекува во преговарачката рамка на Северна Македонија да биде внесена „патна карта“, па Софија да процени дали условите во неа одговараат на бугарските интереси и дали ќе ја смени својата позиција за да ја крене блокадата на патот на земјата на патот кон ЕУ, пишува бугарски „Медиапул“.

Радев, којшто денеска учествува на средбата на европските лидери во Брисел коментира дека сега очекувањата на ЕУ сега се насочени кон Бугарија, но Северна Македонија треба да почне сериозни преговори со Софија и да не смета само на декларативна поддршка.

„Очекувањата се насочени кон Бугарија, нема да го наречам тоа притисок. Се очекува Европскиот Совет во втората половина на јуни да има придвижување по прашањето за европскиот пат на Северна Македонија. Многу јасно сум го изразувал бугарскиот став. Бугарија е најсилниот поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија. Патот за нејзиното остварување минува најмногу преку Софија“, рече првиот човек на Бугарија.

Радев рече дека треба „спокојно да се седне на масата за преговори“, а политичкото раководство на Северна Македонија треба да бара дијалог со Бугарија.

„Чекаме да видиме каква патна карта ќе предложат, која би влегла во преговарачката рамка. Треба да се усогласиме со барањата прифатени од бугарскиот парламент (позицијата изгласана како резолуција со условите на Бугарија). Ако има разлики, а немаме парламент, ќе биде многу тешко да се оствари пат напред. Меѓутоа, важно е час поскоро да го возобновиме политичкиот дијалог со Северна Македонија на највисоко ниво“, рече Радев, пренесува бугарски „Медиапул“.

Посредувањето на Европската Комисија минатата седмица со „португалскиот рецепт“ во Скопје и Софија го донесоа министерот за надворешни работи на Португалија, Аугушто Сантош Силва, и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Од македонска страна тој беше пречекан со оптимизам, додека Бугарија потенцираше дека останува на своите позиции, односно на „црвените линии“.

Денеска техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев,  нагласи дека возобновувањето на дијалогот со Северна Македонија и враќањето на довербата меѓу земјите ќе биде највисок приоритет на бугарското МНР.

„Ние сме отворени за дијалог, за барање конструктивно решение. Целта е постигнување одржливи и неповратни резултати во возобновувањето на довербата меѓу двете држави“, вели Стоев.

Тој при претставувањето на својот тим рече дека целта е темата да се врати во „нормалните европски формати“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...