Извор: Влада на РСМ

Бугарскиот премиер и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов утрово му телефонирал на својот македонски колега Зоран Заев за да му го честита реизборот за претседател на СДСМ. Во телефонскиот разговор, како што обајцата велат во постови на социјалните мрежи, се согласиле дека не треба да се одлагаат решенијата што двете држави треба да ги преземат во духот на Договорот за добрососедство и прјателство „како во име на нашата заедничка историја, така и во името на нашата заедничка европска иднина“.

Како што објасни на Фејсбук, бугарскиот премиер Борисов му го честитал реизборот на Заев, а тој пак, му посакал успех на Борисов на претстојните парламентарни избори во Бугарија.

Повторувајќи го речиси истото, на својата Фејсбук страница, Заев пак, нагласи дека се договориле „поскоро да се дојде до решенија“.

Се согласивме дека одговорите на прашањата што се отворија меѓу нашите две земји се содржат во Договорот за добрососедство и пријателство.

Заеднички споделивме дека поскоро треба да дојдеме до решенијата кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија 🇲🇰 и Бугарија 🇧🇬 и дека во минатото на нашите две земји има основа на која треба да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ, напиша Заев.