fbpx
Таг: спорот со Бугарија

таг: спорот со Бугарија

Ескобар: Со партнерите работиме на брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

„САД силно ја поддржуваат брзата интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Работиме со европските партнери за да обезбедиме тоа наскоро да се случи“, порача заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на прес-конференцијата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи. Ескобар посетата на Северна Македонија ја почна со средбата со претседателот...

Почнаа консултациите за нова влада на Бугарија – Радев прво прашал за став за Северна Македонија

Времето на едноличната премиерска власт заврши, порача претседателот на Бугарија, Румен Радев, почнувајќи ги претпладнево консултациите со парламентарните партии за формирање на новата влада на Бугарија, јави бугарски „Медиапул“. „Ефикасно управување во формата на коалиција може да постои само ако има взаемно почитување меѓу партнерите. Времето на едноличната премиерска власт заврши и надежта тоа да се поврати беше категорично отфрлено...

Заев и Гаши ја објавија коалицијата: Имаме стабилно парламентарно мнозинство

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши денеска потпишаа Договор за ново и стабилно парламентарно мнозинство и за учество на Алтернатива во составот на Владата. Алтернатива вчеравечер ја донесе одлуката да влезе во владината коалиција. Постигнатиот договор за владата со Алтернатива се однесува до крајот на 2024 година, а оваа партија во идниот владин кабинет ќе раководи со...

И повторно лупа врз исходот од бугарски избори: Меѓу кажаното и пишаното

По третите парламентарни избори оваа година, можно е Бугарија да добие Влада. Резултатите, математички гледано, тоа не го гарантираат. Сепак, политичката игра е надвор од доменот на математиката, а картите се малку поинаку поделени во оваа трета рунда. Изненадувачката победа на новоформираната „Продолжуваме со промените“, благодарејќи на анти-корупциската платформа, харизмата на лидерите и нивниот имиџ на успешни харвардски ученици е...

Румен Радев освои втор претседателски мандат на изборите во Бугарија

Актуелниот бугарски претседател Румен Радев освои втор мандат на функцијата на вчерашниот втор круг од претседателските избори во Бугарија. Според обработени над 99 отсто од гласачките ливчиња, Централната изборна комисија утрово објави дека Радев освоил 66,7 отсто од гласовите на бугарските избирачи, додека противкандидатот од ГЕРБ Анастас Герџиков добил 31,8 отсто од гласовите. Излезноста на изборите беше околу 40...

Димитров: Дали земјите членки може да поставуваат услови кои се косат со европските вредности?

На дискусијата за политиката на проширување на ЕУ со Западниот Балкан што утрово се одржа во Мадрид, вицепремиерот Никола Димитров осврнувајќи се на бугарското вето, порача дека блокадата на евроинтеграциите од Бугарија не е помагање, посебно кога Северна Македонија вложува навистина голем напори во процесот и не ги прекршува членовите на Договорот за добрососедство меѓу двете земји. „Блокирањето на евроинтегративниот...

Лорер: Не е реално до 14 декември да се постигне целосен договор меѓу Бугарија и Северна Македонија

Даниел Лорер од победничката политичка партија во Бугарија, „Продолжуваме со промената“, кој е најсериозниот кандидат за министер за надворешни работи на Бугарија, смета дека до 14 декември нема да може целосно да се реши спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Инаку, на овој датум, треба да се одржи последната средба на врвот на Европската Унија за годинава. Гостувајќи во емисијата...

Османи на средба со еврокомесарот Вархеји: Преговорите да отпочнат што е можно поскоро

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји. На средбата беше дискутирано за европската перспектива на Северна Македонија, за добрососедските односи, регионалните иницијативи како и за очекувањата во периодот што претстои, во пресрет на декемвриските Совети, како можност за позитивен исчекор во следната фаза...

Красимир Каракачанов си даде оставка поради лошите резултати на парламентарните избори во Бугарија

Претседателот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, кој долги години е на таа функција, си поднесе оставка денеска поради слабите резултати на партијата на вчерашните парламентарни избори, јави „Медиапул“. Покрај него, оставки дадоа и неговите заменици - европратеникот Ангел Џамбаски, потоа Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов. Стојанов, кој е градоначалник на Сандански, неколку часа пред оставката беше уапсен за...

На парламентарните избори во Бугарија победува „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев

Третите парламентарни избори во Бугарија годинава и втори вонредни, донесоа големо изненадување на политичката сцена - победник, по сè изгледа, ќе стане партијата „Продолжуваме со промената“ на поранешните технички министри Кирил Петков и Асен Василев . Веднаш зад оваа партијата е партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, која до последен миг беше сметана за иден победник, пишува бугарски...

Борисов: Целата ЕУ е против нас, за Северна Македонија ќе нè притиснат со финансиските инструменти

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов гостувајќи во емисијата „Здраво Бугарија“ на бугарската телевизија Нова денеска порача дека целата ЕУ е против Бугарија поради нејзиното постапување кон Северна Македонија во последните седум месеци. Борисов го цитираше францускиот претседател Емануел Макрон, дека до декември Македонија треба да почне преговори, а тоа, вели поранешниот бугарски премиер, значи оти ЕУ ќе ја принуди Бугарија...

По изјавата на Јанев, Заев вели дека по изборите во Бугарија ќе може да се даде шанса на дијалогот

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека по локалните избори во земјава и парламентарните избори во Бугарија ќе има добра шанса за да се најде решение за блокадата на почетокот на преговори со ЕУ за нашата земја. „Со завршени избори кај нас и завршени избори во Бугарија, тоа е првата причина да имаме добра шанса. Втората причина е што во разговорите...

Посетата на Фон дер Лајен и Вархеји не значи напредок во евро-интеграциите

По претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Скопје пристигнува и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, како дел од нивната балканска турнеја. Иако престојот на двајцата политичари од врвот на ЕУ во земјава може да се чини како напредок во евро-интеграциите, тоа не е така. За воља на вистината, Дер Лајен вчера спомена дека целта е...

Заев за австриски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е најдобриот проект во светот што гарантира демократија и слобода и затоа треба да го забрза процесот на донесување одлуки и тоа значи дека малите држави не треба да се третираат на ист начин како и големите држави, вели македонскиот...

Еврокомесарот Вархеји денеска во Бугарија ќе разговара со Радев и Стоев

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска ќе биде во посета на Бугарија, јави Бугарското национално радио (БНР), повикувајќи се на ЕУ. Предвидено е Вархеји да се сретне со претседателот Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев. Други детали не се објавени, но БНР, повикувајќи се на упатени извори, вели дека целта на посетата и разговорите е...

Османи: Има можности да се дојде до решение со Бугарија до крајот на годината

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека постојат сериозни можности да се најде решение за спорот со Бугарија до крајот на годината. Тој на спорот со Бугарија се осврна во одговор на новинарско прашање по тематската дискусија организирана од Министерството за надворешни работи (МНР) поврзана со парламентарната димензија на надворешната политика и улогата на Собранието и парламентарната дипломатија во...

Самит на Берлинскиот процес: Меркел изненадена од бугарската блокада, ЕУ останува посветена на проширувањето

Дури 64 заклучоци донесе Самитот на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес што се одржа вчера по пат на видеоконференциска врска. Заеднички регионален пазар, економски и инвестициски план, зелена агенда, одговори на ковид-19 пандемијата, безбедност, миграција, мало наоружување и лесно оружје, помирување, исчезнати лица, интеграција на Ромите, младите и политики поврзани со младите, тинк-тенк и граѓанско општество, образование,...

Милановиќ и Пендаровски со остри критики: Што би било Хрватска да ги оспорува црногорскиот или босанскиот јазик?

Голем број критики кон однесувањето на Бугарија, но и кон португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закариаш, која изјави дека македонскиот некогаш бил дел од бугарскиот јазик, но и кон однесувањето на еврокомесарот Оливер Вархеји во однос на македонското прашање и спорот на земјава со Бугарија упати хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со својот македонски колега...

Заев: МНР ќе ја провери автентичноста на изјавата на португалската министерка и ќе реагира

Премиерот Зоран Заев најави дека македонското Министерство за надворешни работи (МНР) ќе ја провери автентичноста на изјавата на португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закариаш - дека македонскиот некогаш бил дел од бугарскиот јазик, по што ќе уследи соодветна реакција, извести „360степени“. Португалската државна секретарка за европски прашања во разговор со новинари во Лисабон, како што пренесе Бугарското...

Советот на Амбасадори смета дека блокадата на Бугарија е една од повеќето неправди на патот кон ЕУ

Советот на Амбасадори со големо разочарување ја прими одлуката на Советот за општи работи на Европската Унија да не препорача одржување на првата меѓувлaдина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ поради натамошното силно и неразбирливо спротивставување на само една земја членка на Унијата, соседна Република Бугарија, соопштуваат од таму. Советот смета дека ова е една од повеќето неправди што...

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...