Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг, на денешната средба со својот македонски колега Арбер Адеми, претседател на Комисијата за европски прашања на македонското Собрание, порачал дека во моментов потребно е да се изгласаат уставните измени, согласно препораките во Преговарачката рамка.
Истовремено, тој вели дека земјата мора да се посвети на европските реформи во сите области, како и на борбата против корупцијата и организираниот криминал, соопшти Комисијата за европски прашања на Собранието.
На средбата Адеми го информирал германскиот колега за последните случувања во земјава, при што истакнал дека се прават напори да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство за изгласување на измените на Уставот, со цел внесување на бугарската, но и на други заедници во него.
„Тоа би требало тоа да се направи што поскоро, за да се продолжат преговорите за членство во ЕУ“, нагласил Адеми.
Рот ја потврди силната поддршка на Германија за натамошниот напредок на земјава на евроинтеграцискиот пат.