петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Михаел Рот | 33 резултати

Бугарија денеска останала на ставот дека Северна Македонија не треба да ги почне преговорите со ЕУ

22 јуни 2021

Како што веќе најави бугарската техничка влада и претседателот Румен Радев, Бугарија останува на ветото за Северна Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ. Бугарската блокада за одржување на првата Меѓувладина конференција со нашата земја доаѓа и покрај тоа што останатите земји-членки на ЕУ сметаат дека Северна Македонија и Албанија треба да ги отпочнат преговорите […]

ЕУобсервер: Германија се извини на Скопје за бугарското фијаско

11 декември 2020

Под насловот „Германија се извини на Скопје за бугарското фијаско“ влијателниот ЕУобсервер, објави текст во кој го претставува македонско-бугарскиот спор и блокадата од страна на Бугарија на македонските евро-интеграциски процеси. Текстот на ЕУобсервер ги изнесува реакциите на Германија и на ЕУ по потегот на Бугарија да не ја прифати преговарачката рамка за Северна Македонија. „Станува […]

Димитров на видео-конференцијата со Рот побара ЕУ-помош

19 март 2020

Првично планирана како реална посета на германскиот Државен министер за Европа, Михаел Рот на земјава на 17 март, денеска се одржа видео-конференција на Рот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, на која покрај евроинтеграциите, се дискутираше и за состојбата со ширењето на КОВИД-19. Шефот на македонската дипломатија упати повик до ЕУ да даде […]

Рот – Димитров: Ќе продолжиме со заедничките напори за чекор напред

30 јануари 2020

Ја споделуваме разочараноста заради неможноста Северна Македонија да го направи заслужениот чекор напред. Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома, порача Михаел Рот, државниот министер при Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, надлежен за Европа, […]

Михаел Рот: Нема да ја подобриме Европа со прекршување на нашиот збор

5 ноември 2019

Западен Балкан останува проба на издржливост за трајниот успех на мирот на европскиот модел. Нема да ја подобриме Европа со прекршување на нашиот збор, вели германскиот државен министер за Европа и заменик министер за надворешни работи, Михаел Рот во својата колумна објавена во германскиот весник „Ди Велт“. „Да, мораме да ја реформираме Европската Унија (ЕУ)! […]

Рот: ЕУ треба да ги исполни ветувањата кон Македонија

30 мај 2019

Европската унија треба да ги исполни ветувањата дадени кон земјите од Западен Балкан, вели државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот , по вчерашната препорака од на Европската комисија дека Македонија и Албанија ги исполниле условите и веднаш да почнат преговорите за членство во Унијата. „Во Македонија и Албанија беше […]

Рот: ЕУ мора брзо да започне пристапни преговори со Северна Македонија

7 февруари 2019

Решението на спорот со името помеѓу Грција и Македонија е пример за мирно решавање на конфликти помеѓу европските партнери, вели Државниот министер за Европа на Германија,  Михаел Рот, во интервју за „Велт“. – Кој до неодамна можеше да смета дека е можен договор за 27-годишниот спор за името помеѓу Поранешната југословенска Македонија, во иднина Република […]

Заев: Нема да попуштиме пред притисокот, амнестијата е невозможна

24 јули 2018

Многу сме блиску до реализацијата на стратешките цели на Република Македонија – членството во ЕУ и НАТО, и нема да дозволиме процесот да го нарушат или да го доведат во ризик неодговорни ултиматуми. Остануваме посветени до крај да стигнеме до решенија кои ќе овозможат услови за фер референдум во интерес на граѓаните на нашата земја, […]

Османи-Рот: Свесни сме за комплексноста на процесот за членство во ЕУ, но и на придобивките

24 јули 2018

Вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања имаше средба со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот. Османи изразил голема благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија на процесот на пристапување во Унијата на земјите од Западен Балкан, рефлектирана и преку иницијативата „Берлински процес“, соопштија од СЕП. […]

Бујар Османи денеска на средба со Михаел Рот

24 јули 2018

Државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Михаел Рот, денеска ќе има средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи. На средбата ќе стане збор за подготовките за процесот на скрининг, актуелните политички случувања во контекст на подготовката на претстојниот референдум во однос на Договорот со Грција, како […]

Рот: Договорот за името доказ дека е можно да се надминат и длабоките разлики

9 јули 2018

Историскиот договор меѓу Грција и Македонија за спорот со името покажа дека е можно да се надминат и длабоките билатерални разлики, доколку се зголеми довербата и постои политичка волја, нагласи денеска државниот секретар во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот. Тој во соопштение, пред учеството на состанокот со шефовите на дипломатиите на самитот ЕУ-Западен […]

Германија ги охрабрува Холандија и Франција да дадат зелено светло за Македонија во ЕУ

26 јуни 2018

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, е оптимист и смета дека министрите за надворешни работи на Европската Унија во Луксембург можат да постигнат договор околу преговорите на Македонија и Албанија со Унијата. Пред средбата на шефовите на дипломатиите, Рот изјави дека двете земји направиле „забележителен напредок во сферата на […]

Засадено „дрво на човековите права“ на местото на споменикот на Ќосето

10 мај 2018

На местото каде што до пред два месеци стоеше споменикот на Андон Јанев – Ќосето, денеска беше засадено дрво гинко, кое, како што вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов, е дрво на човековите права. Во церемонијата, освен Шилегов, учествуваа и заменик-министерот за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, претседателката  на Градскиот совет на партијата СПД во […]

Рот: Истрагите да продолжат, СЈО да стане дел од Обвинителството

10 мај 2018

Државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот порача дека мора да продолжат истрагите поврзани со прислушуваните разговори и Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во редовните структури на Обвинителството. На средбата со премиерот Зоран Заев во Владата, тој бил информиран дека опозицијата била против продолжување на мандатот на СЈО. – Морам да […]

Рот: Не ставајте црвени линии, седнете и решете го спорот за името

22 февруари 2018

Македонија и Грција да не поставуваат црвени линии и да направат се за да го решат спорот за името, порача државниот министер за Европа во германското министерство за надворешни работи, Михаел Рот, на дебата во Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин. – Мошне сум задоволен од гестовите во рамки на мерките за градење доверба кон земјата, […]

Рот на Димитров му ја потврдил германската поддршка за македонските евроинтеграции

11 декември 2017

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска во Берлин се сретнал со Михаел Рот, државен министер надлежен за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Во соопштението од МНР се вели дека Димитров го информирал Рот за тековните активности и за предвидената динамика за имплементација на реформите во насока на исполнување на […]

Османи побарал од Рот вклучување на Берлин во решавањето на спорот за името

16 август 2017

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи денеска на државниот секретар на Mинистерството за надворешни работи на Германија за европски прашања, Михаел Рот му ја пренел иницијативата на македонската Влада за стратешко партнерство меѓу Германија и Македонија и побарал вклучување на Берлин во решавањето на спорот за името. Османи на средбата со Рот, стои во соопштението […]

Бујар Османи во Берлин ќе бара германска поддршка за планот „3-6-9“

15 август 2017

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска патува во Берлин, на работна посета. Тој утре треба да се сретне со Михаел Рот, државен министер за Европа во германското министерство за надворешни работи и со Андреас Гис, директор за развојна соработка, во министерството за економска и развојна соработка на Германија. Во фокусот на разговорите ќе […]

Атина му порача на Рот да се воздржи од лекции по историја

12 јули 2017

Министерството за надворешни работи на Грција денеска апелираше државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, „да се воздржи од лекции по историја“ кога ги посетува балканските земји. „Го повикуваме германскиот заменик-министер за надворешни работи, Михаел Рот, да биде повнимателен кога ги посетува балканските земји, да избегнува да се […]

Османи го презентирал планот „3-6-9“ на амбасадорите од ЕУ и на Рот

11 јули 2017

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, во просториите на Делегацијата на Европската Унија го презентирал планот „3-6-9“ пред амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, и амбасадорите на земјите-членки на ЕУ. – Во овој план се опфатени реформите што Владата ќе ги спроведува во претстојниот период од три месеци, односно до одржувањето на […]

Страна 1 од 2