fbpx

Министерот Османи почнува надворешно-политичка турнеја, во Германија на средба со Мас и Рот

-

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре започнува нова надворешно-политичка турнеја, со присуство во неколку значајни метрополи: Берлин, Варшава и Блед (Словенија), со цел билатерални средби и учество на значајни меѓународни настани, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

Веќе од утре, Османи ќе биде во работна посета на Германија и ќе оствари средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и со државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот.

„Посетата има за цел да се продолжи високиот политички дијалог со Германија, но и да се реафирмираат германските позиции во однос на нашето европско досие, особено пред одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија“, велат од МНР.

Од Берлин, Османи продолжува за Полска каде што ќе учествува на „Безбедносниот форум во Варшава”.

Во Варшава Османи ќе оствари средби со неговиот полски колега, министерот Збигњев Рау, но и со финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто и со други значајни политички претставници активни во сферата на безбедноста и транс-атлантските односи.

Во среда, Османи ќе се приклучи на државната делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, со цел учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во Брдо кај Крањ, во Словенија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...