fbpx

Димитров на видео-конференцијата со Рот побара ЕУ-помош

-

Првично планирана како реална посета на германскиот Државен министер за Европа, Михаел Рот на земјава на 17 март, денеска се одржа видео-конференција на Рот со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, на која покрај евроинтеграциите, се дискутираше и за состојбата со ширењето на КОВИД-19. Шефот на македонската дипломатија упати повик до ЕУ да даде поддршка за ублажување на социо-економските последици во сите земји на Западен Балкан.

– Како и претходно со примерот со миграциската криза, така и сега е евидентно е дека КОВИД-19 не познава граници, нема национална припадност и нѐ напаѓа подеднакво сите во Европа. Затоа заеднички би сакале да повикаме кон вклучување на сите земји од Западен Балкан без разлика на нивниот ЕУ интеграциски стаус во сите платформи на ЕУ за координација на одговорот кон справување со вирусот. Во таа насока ја повикувам ЕУ покрај подршката за своите земји членки, да даде подршка во ублажување на социо-економските последици и за земјите од нашиот регион. Сите наши држави презедоа вонредни мерки за заштита на здравјето на нашите граѓани во смисла на ограничување на патувањето, но мораме истовремено да осигураме дека неопходните животни намирници и лекови ќе продолжат да се движат помеѓу границите на ЕУ и во регионот. Истото важи и за заедничко обезбедување на непречено враќање дома на граѓаните кои се во тешка ситуација, со откажани авионски летови и блокирани во пограничните зони низ светот. Кратко кажано, време е заеднички да покажеме европска солидарност! – порача Димитров.

Со колегата Рот разговарале и за очекувањата во пресрет на Советот за општи работи закажан за 24 март, кога конечно треба да стаса цврстата препорака за датум за почеток на преговорите.

-Ќе биде многу важно после влогот кој го направи Северна Македонија да може да ја премине линијата и да може да се прогласи заеднички европски успех. Посебна привилегија во овие моменти е да се добие силна поддршка од Германија, која е докажан и голем пријател и искрен поддржувач на нашата европска перспектива – порача Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...