петок, 5 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: корона | 343 резултати

Владиниот Кризен штаб прифати делумно укинување на маските, на потег е Владата

12 април 2022

Главниот координативен кризен штаб прифати неколку одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести кои ги проследи до Владата. Најголемата работа за која ќе треба да се произнесе Владата е заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни […]

Вакцините против Ковид-19 не предизвикуваат ХИВ и нема докази дека вирологот Монтање го тврдел тоа

7 април 2022

На некои „Фејсбук“ страници се дистрибуира дезинформација дека покојниот француски виролог Лик Монтање наводно предложил луѓето кои ја примиле третата доза од вакцината Ковид-19 да се тестираат за ХИВ. Нема докази дека вирологот Монтание го рекол ова, а пак третата доза од вакцината не може да предизвика ХИВ, пишува Порталб.мк. Текстот подолу го пренесуваме во […]

Вистиномер: Не е точно дека двојно и тројно вакцинираните развиле СИДА

1 април 2022

Не е точно дека канадските власти известиле дека тројно вакцинираните развиле СИДА, имале 5.1 пати поголема шанса да починат од ковид-19. Канадските власти не известиле ниту дека двојно и тројно вакцинираните изгубиле 73 и 74 проценти од способноста на имунитетот. Тоа се произволно нафрлени податоци небазирани на реални факти, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот […]

Откриени 294 нови случаи на ковид-19, пријавени се шест починати лица

30 март 2022

Во изминативе 24 часа во земјава се направени 2.430 тестови, а откриени се 294 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Поделено по Центри за јавно здравје, најмногу од новите случаи отпаѓаат на Скопје, односно 149. На второ место е Битола, со 36 нови случаи. Од вкупниот број новооткриени позитивни (294), регистрирана е 41 […]

Вистиномер: Нема докази дека коронавирусот бил создаден во украинска лабораторија

30 март 2022

Тврдењето дека во Украина постојат лаборатории финансирани од САД во кои се произведуваат патогени, се турка од Русија уште од 2020 година. Во 2020 година медиумите блиски до Кремљ се обидоа да ја обвинат Америка за ковид пандемијата, сугерирајќи дека вирусот е создаден во лаборатории. Токму тогаш, во мај 2020, во екот на ковид пандемијата, […]

Нови 232 случаи на ковид-19, пријавени шест починати пациенти

26 март 2022

Министерството за здравство соопшти дека во последниве 24 часа во земјава биле регистрирани 232 нови случаи на ковид-19: Скопје – 139, Битола – 19, Кавадарци – 14, Охрид – 10, Прилеп – 8, Кичево – 5, Гостивар и Неготино – по 4, Куманово, Тетово и Кочани – по 3, Велес, Струмица, Штип, Струга, Радовиш, Делчево […]

Вистиномер: Анонимни мејлови не се доказ дека мРНК вакцините ги зголемиле невролошките заболувања

25 март 2022

Пласираните тврдења не се поткрепени со никакви медицински докази и факти, туку се темелат на анонимни извори и наводи испратени по електронска пошта. Политифакт пишува дека клиничките испитувања со десетици илјади учесници не покажале никаква поврзаност помеѓу вакцините и невролошките нарушувања, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук пласира информации дека […]

Вистиномер: Произволно се тврди дека вакцината на „Фајзер“ имала 158 илјади несакани ефекти

24 март 2022

Документот кој се посочува во постот содржи информации за настани после вакцинација, а не за несакани ефекти од вакцината. Исто така, во документот не се кажува колку дози вакцина биле примени во моментот на неговата изработка. Постот е со пропуштен контекст, со несоодветна интерпретација и превод се даваат податоци кои погрешно наведуваат да се мисли […]

Вистиномер: Не е точно дека вакцината на „Фајзер“ има 1.291 несакан ефект

23 март 2022

Не станува збор за листа на предизвикани несакани ефекти од мРНК вакцината на „Фајзер“, туку за листа на несакани ефекти на коишто „Фајзер“ се фокусирала и ги барала во пријавите што стигнувале до нив. Според извештајот, не се откриени нови здравствени ризици од вакцината, а 1.291 потенцијална опасност биле барани, но не биле најдени во […]

Откриени 310 нови случаи на ковид-19, од нив 49 се случаи на повторно заразување

22 март 2022

Најновите податоци од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа говорат за 310 новооткриени случаи на ковид-19 во земјава. Тие се регистрирани од направени вкупно 2.609 тестови. Речиси две третини од новиот случаи се од Скопје, односно 199 случаи, а втор град по бројност е Битола, со безмалку 11 пати помалку случаи, односно 19. […]

Вистиномер: Вакцините против ковид беа создадени поради пандемијата, а не обратно

20 март 2022

Временскиот редослед по кој се појавуваа случаите, како и фактот што вакцините дури подоцна беа создавани, потоа поминуваа опсежни и комплицирани процедури, проверки, клинички тестирања, одобренија од релевантни медицински агенции, покажува дека прв е појавен коронавирусот, а потоа вакцините. Во декември 2019 година, кога беше пријавен првиот случај на коронавирус до СЗО од страна на […]

Денеска повторно над 310 нови случаи на ковид, починати двајца

18 март 2022

Во изминативе 24 часа во земјава од направени 2.250 тестови се регистрирани 319 нови случаи на ковид, а како резултат на болеста починале двајца. Според најновите податоци за ковид-случаите од Институтот за јавно здравје, што ги објави Министерството за здравство, ковид-пандемијата не попушта и веќе четврти ден бројот на нови случаи е над 310 дневно. […]

Регистрирани 324 нови случаи на ковид – трет ден по ред бројката е над 310 случаи дневно

17 март 2022

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 2.290 тестови, а регистрирани се 324 нови случаи на ковид-19. Од нив приближно две третини се во Скопје – 207 случаи. Со најновите резултати, денешниот е трет ден по ред во кој бројката на нови случаи во земјава е над 310: Во […]

Регистрирани 312 нови случаи на ковид и петмина починати

15 март 2022

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава биле направени 2.605 тестови, а регистрирани 312 нови случаи на ковид-19, од кои најголемиот број е од Скопје – 181. Следен на листата на нови случаи е Прилеп, со 17 регистрирани случаи. Од вкупниот број на позитивни (312), регистрирана е 51 реинфекција. Во изминативе […]

Откриени нови 92 случаи на ковид-19, пријавени 4 починати лица

14 март 2022

Министерството за здравство соопшти дека во оследните 24 часа во земјава се направени 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје 60. Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција. Во изминативе 24 часа се регистрирани 363 оздравени пациенти и 3 починати лица – две од Скопје […]

Нови 340 случаи на ковид-19, вкупната бројка на инфекции надмина 300.000

8 март 2022

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 2.557 тестови за ковид-19, со што се откриени 340 нови случаи, од кои во Скопје се повеќе од половина – 198, по што следува Велес, со 21 нов случај. Од вкупниот број на позитивни (340), 56 се реинфекции, односно повторно заразени. Со […]

Регистрирани 457 нови случаи на ковид, бројката на починати порасна за 9

2 март 2022

Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа се направени 2.730 тестови, а се утврдени 457 нови случаи на ковид-19. Најголемиот број од нив се од Скопје, по што следуваат Велес со 25 нови случаи и Битола со 24 нови случаи, а потоа со помали бројки следуваат другите градови каде што има центри за […]

Регистрирани 473 нови случаи на ковид-19, пријавени 13 смртни случаи

26 февруари 2022

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 3.146 тестови за ковид-19, а утврдени се 473 нови случаи. Повеќе од половината од нив се во Скопје, односно 255 случаи, а вториот град по Скопје е Битола, со 31 нов случај. Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се 74 повторно […]

Регистрирани 848 нови случаи на ковид-19, бројката на починати порасна за 22

22 февруари 2022

Во изминативе 24 часа во земјава се откриени 848 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Регистрирани се уште 22 смртни случаи, од кои половината се од изминатово деноноќие, а останатите 11 починале претходно, но сега се евидентирани. Направени се вкупно 3.506 тестови. Од вкупниот број на позитивни (848), регистрирани се 116 реинфекции. Во […]

Откриени нови 905 случаи на ковид-19, регистрирани 18 смртни случаи

18 февруари 2022

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 2.808 тестови за ковид-19, а регистрирани се 905 нови случаи на ковид-19. Од нив 468 случаи се од Скопје. Од вкупниот број на позитивни (905), регистрирани се 161 реинфекции. Во истиот временски период, регистрирани сe 1.565 оздравени пациенти, како и 10 починати […]

Страна 1 од 17