fbpx

Од понеделник сите факултети и студенти на онлајн настава, бара Адеми

-

Од понеделник сите високообразовни установи во земјата да воведат онлајн настава со цел да продолжи академската година и студентите да го совладуваат материјалот согласно студиските програми на кои се запишани. Оваа тема беше фокус на разговорот помеѓу министерот за образование и наука Арбер Адеми и претставници на јавните и приватните универзитети на денешната средба во Министерството за образование и наука (МОН).

– Согласно информациите од високо образовните установи, дел од нив веќе ја применуваат онлајн наставата за своите студенти, но намерата од следната недела оваа форма на настава да се воведе на сите факултети. Се работи за начин на настава кој не е неизводлив и практично дел од факултетите веќе го применуваат не само сега, туку и во регуларен, нормален тек на студиската година. Олеснителна околност е и тоа што, станува збор за студенти, личности на возраст кога дигиталните вештини се веќе совладани, односно студентите посетуваат способности за ракување со ИТ уреди и за примена на онлајн алатки и апликации за едукација, за разлика од, да речеме, најмалите ученици првоодделенчиња, од кои голем дел не поседуваат ИТ уреди и не знаат да ракуваат со истите и за нив онлајн наставата е прилично тешка и не најсоодветна солуција. Овде ситуацијата е поинаква – рече Адеми.

Министерот нагласи дека согласно информациите кои ги добил од ректорите од аспект на можности и информатичко – технолошка опременост на универзитетите и спремност на професорите да дадат личен придонес во целата заложба, очекува во текот на следната недела со оваа форма на едукација да бидат опфатени најголем дел од студентите.

Проф. д-р Никола Јанкуловски, ректорот на првиот македонски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ рече дека на овој универзитет се работи на тоа да се намали или да се избегне контактот меѓу странките и вработените во администрацијата.

– Додипломската настава непречено ќе функционира. Се дискутираа евентуалните проблеми во врска со одржувањето на испитите, но се надевам дека ќе најдеме и за тоа решение. Сите овие мерки кои ги презема МОН заедно со нас ректорите, се во насока на непречено функционирање на дејноста на универзитетот од сите можни аспекти. Денеска пуштивме дневен ред за вонредна седница на ректорка управа, на која ќе се усвои правилник за функционирање во вакви услови – рече Јанкуловски.

Инаку, професорите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, веќе спроведуваат онлајн настава.

Во МОН велат дека класична онлајн настава во основното образование во моментов не е опција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...