fbpx

Рот – Димитров: Ќе продолжиме со заедничките напори за чекор напред

-

Ја споделуваме разочараноста заради неможноста Северна Македонија да го направи заслужениот чекор напред. Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома, порача Михаел Рот, државниот министер при Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, надлежен за Европа, на денешната средба во Берлин со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, соопшти македонското Министерство за надворешни работи (МНР).

На средбата се разговарало за актуелните состојби во земјава и во Западен Балкан, како и за дискусиите во ЕУ за новата методологија за пристапни преговори и изградбата на консензус меѓу земјите-членки за одлука за почеток на преговорите.

– Во неколку наврати изминатава година и пол бевме исклучително блиску до постигнување успех и валоризација на заедничките напори за отворање ЕУ преговори со Северна Македонија. Доколку сакаме да се даде натамошно охрабрување на реформските процеси и да не дојде до поткопување на значајните достигнувања кои земјата ги постигна, како и да се сочува кредибилитетот и влијанието на ЕУ во регионот, неопходно е да се зграби првата следна прилика за донесување на долгоочекуваната и заслужена одлука – рекол македонскиот министер за надворешни работи.

Димитров се сретнал и со Јан Хекер, советник за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел.

„На средбата беше истакната недвосмислената поддршка на кабинетот на Канцеларката Меркел за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија“, стои во соопштението од МНР.

Посетата на Берлин продолжува и утре, со учество на Втората средба од висок ранг на германско-француската иницијатива за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан. Димитров ќе биде и на работен ручек, организиран од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...