fbpx

Пад од 5,9 проценти на индустриското производство во декември лани

-

Индустриското производство минатиот месец бележи пад од 5,9 отсто во споредба со декември минатата година, а во перидот јануари-декември лани има раст од 3,7 отсто во однос на 2018 година, објави Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи опаѓање од 24,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 3,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 12,1 отсто.

Според главните индустриски групи, пак, индустриското производство бележи пораст кај капитални производи за два отсто, додека опаѓање има кај енергија за 17,3, интермедијарни производи, освен енергија за 7,1, трајни производи за широка потрошувачка за 16,3 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8 отсто. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...