fbpx

Бујар Османи денеска на средба со Михаел Рот

-

Државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Михаел Рот, денеска ќе има средба со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

На средбата ќе стане збор за подготовките за процесот на скрининг, актуелните политички случувања во контекст на подготовката на претстојниот референдум во однос на Договорот со Грција, како и останати теми поврзани со европските интеграции на Република Македонија, информираат од кабинетот на Османи.

Германскиот министер Рот вчера по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров порача дека Македонија направи историски чекор е направен кон НАТО и ЕУ, и оти би било трагично ако тој пат се попречи.

– Без решение за спорот за името нема конкретна перспектива за ЕУ и за НАТО. Сега е направен исчекор на тој пат. Ова е голем успех, историски пробив и би било трагично ако кон натамошниот пат кон ЕУ биде попречен, ако не постои подготвеност во оваа земја во однос на прашањето на ЕУ, Уставот, изборното право. Треба да постои конструктивна соработка. Владата носи посебна одговорност за сето ова, но и опозицијата носи одговорност – порача државниот министер надлежен за Европа во Министерство за надворешни работи на Германија Михаел Рот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...