fbpx
Таг: спорот со Бугарија

таг: спорот со Бугарија

Дезинформaциски бран во јануари: Руското влијание во спорот меѓу Софија и Скопје

Последното затегнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и (не)видливата руска рака во процесот на ескалација на односите, се покажа дека е доминантен тренд на дезинформациите што кружеа во македонскиот (но и во бугарскиот) информативен простор во јануари 2023 година. Освен ова продолжува трендот на дезинформации преку руски наративи околу агресијата на Украина, иако со нешто помал обем...

МНР: Декларацијата на бугарското Собрание може да оди во прилог само на провокаторите

Министерството за надворешни работи (МНР) преку соопштение до јавноста реагираше на декларацијата за наводна „ескалација на агресивни анти-бугарски активности во Република Северна Македонија“ што денеска ја усвои Народното Собрание на Бугарија, констатирајќи со жалење дека декларацијата несоодветствува на договорената политика за унапредување на меѓусебните односи. Со оглед на тајмингот на усвојување на декларацијата, велат од МНР, таа може да оди...

(Не)видливата „руска рака“ во последниот круг заострување меѓу Софија и Скопје

Иако постојат варијaции на темата каде е поголемо руското влијание при последната ескалација на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, сосема е извесно дека повеќе сериозни извори се согласни дека тоа постои. Несомнено се присутни и голем број информации и дезинформации околу ова прашање и тие се во функција на таа ескалација, со веројатно крајна цел да се држи...

ВМРО-ДПМНЕ ќе организира стража на гробот на Гоце Делчев на 4 февруари, СДСМ реагираат

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, односно нејзиниот Патриотски институт, ќе организираат „херојска стража“ на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“ во Скопје на 4 февруари. За ова денеска информираше Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во Штип насловена „Гоце е Македонија“. Пандов на трибината истакна дека криминалната влада на СДСМ и ДУИ со водење на попуслива...

Ѓорѓи Спасов: Целта на бугарските провокации е Македонија да остане надвор од ЕУ

Сѐ што се случува во изминатава недела во македонско-бугарските односи е дел од „империјалните амбиции“ на Софија кон Македонија и македонскиот народ. Кога после неколкуте вета дојде францускиот предлог и целата „рамковна позиција“ на Софија се сведе само на впишувањето на Бугарите во Уставот, почнаа провокациите преку формирањето на низа клубови на Бугарите во Македонија, оценува Ѓорѓи Спасов, поранешен...

Контраспин: Причините за блокадите се во Софија, а не во Скопје

Иако може да се дискутира за техниката на водењето на македонската политика во секојдневните односи со Бугарија, причините за новите блокади не се во Скопје, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ. Бугарија има свои цели што сака да ги оствари во рамките на билатералните односи со РСМ, користејќи го притоа и евроинтеграцискиот процес и факт е дека во тие цели спаѓа...

Милков: Бугарскиот амбасадор нема да се врати во Скопје набргу

Бугарскиот амбасадор нема да биде вратен во Скопје набргу, можно е и да бидат стопирани заеднички проекти, порача министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во гостување утрово на државната телевизија БНТ. Тој порача дека бил неприфатлив наративот дека македонскиот Бугарин Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, бил наркоман и наркодилер, како и дека бугарските...

Вигенин ги повика македонските политичари да се воздржат од потпалувачки изјави

Кристијан Вигенин, заменик-претседател на бугарскиот парламент и член на Бугарската социјалистичка партија денеска во изјави за медиумите во парламентот, ги повика властите во Македонија, како и водечките политичари и партии да се воздржат од изјави и постапки што не водат до решавање на проблемите, туку до неприфатлива ескалација којашто може на долг рок да го влоши дијалогот меѓу двете...

Контраспин: Партиските спинови околу „бугарското прашање“ – контра единството во државата

Најголемите партии во државата како да не водат сметка во својата секојдневна меѓупартиска пресметка околу штетата што се прави со обвинувањата лиферувани од партиските штабови. Еден таков пример беше изминатиот викенд и понеделничкиот (31.10.2022) кога препукувањето беше насочено кон прашања поврзани директно со односите меѓу Скопје и Софија. Корисник требаше да биде општата јавност, а колатерална штета е толку...

Отворањето на преговорите, можностите и предизвиците на Северна Македонија да има економска корист

За Северна Македонија по отворањето на преговорите со Европската Унија во јули годинава се отворија можности за поголем економски развој, но исто така за таков развој ја чекаат предизвици. Она што треба да се случи е што поскоро забрзување на процесите на подобрување на условите за водење бизнис и стимулирање на конкурентноста како природен двигател на економскиот развој и...

Не е вистина дека е договорено заедничко чествување на Гоце Делчев

Проверката на медиумските содржини на интернет кај нас и во Бугарија, покажува дека е неточно тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека последниот состанок на мешовитата историско-образовна комисија во Скопје резултирал со некаква одлука за Гоце Делчев, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во медиумите се појави  текст – соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за наводна одлука на мешовитата историска комисија на С....

Контраспин: Проблемот не е во Договорот со Бугарија, туку во промената на однесувањето на Софија од 2019 година

Доколку со или без референдум С. Македонија се повлече од Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, преговарачкиот процес со ЕУ, кој сè уште е само формално започнат, ќе биде блокиран сè до постигнување на нов договор, кој, потоа, логично е да се претпостави, ќе доведе и до потреба за изменета преговарачка рамка со ЕУ. Не треба голема експертиза...

Реакција на Историската комисија: Продолжува ширењето невистини за нашето работење

Mакедонскиот тим во Комисијата за историски и образовни прашања денеска преку соопштение до јавноста повторно реагира на неколкуте писанија и собирања потписи во јавноста, со кои продолжи ширењето невистини за работата на Комисијата во однос на неодамна објавените резултати од нејзината работа во 2018 и 2019 година. „Во последниот бран реакции повторно се даваат целосно произволни и тенденциозни толкувања на...

Петков: Корупцијата е најдобриот инструмент на Москва за влијание на Балканот

Бугарскиот премиер Кирил Петков | Фото: Влада на Република Бугарија
Корупцијата е најдобриот инструмент на Москва за влијание на Балканот, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за британскиот весник „Тајмс“, а чии најважни поенти ги пренесува Медиа Пул. За време на краткиот премиерски мандат, Петков вели дека успеале да ја ограничат корупцијата на локално ниво во Бугарија, но и откриле дека имале поголем непријател, а тоа е руското...

Порталб: Што по прифаќањето на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија?

Веднаш по усвојувањето на францускиот предлог во Собранието на Северна Македонија, на 19 јули се одржа првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Албанија со Европската Унија. Преговорите нема да почнат сè додека не се спроведат уставните измени од македонска страна, за што е потребно да гласаат две третини од пратениците во Собранието, што мнозинството го нема, затоа е...

Порталб: Работата на Историската комисија може да сруши некои митови и да ги зближи Македонија и Бугарија

Протоколот меѓу Северна Македонија и Бугарија може да произведе позитивни промени на двете страни од границата. Ревидирањето на учебниците и донесувањето одлуки врз основа на факти и докази може да придонесе за отфрлање на некои митови во двете земји, што на долг рок може да придонесе за зближување на двата народа. Што се однесува до отпорот на македонската опозиција...

Објавен Протоколот од втората средба на меѓувладината македонско-бугарска комисија

Вклучување на бугарскиот и другите народи кои живеат на територијата на Северна Македонија во Уставот, забрзување на работата на Историската комисија, справување со говорот на омраза, чествување на заеднички историски настани и личности, промена на содржини во учебниците по историја и географија, се дел од одредбите содржани во Протоколот кој вчера го потпишаа министрите за надворешни работи на Република...

Урсула фон дер Лајен во македонското Собрание: Македонски јазик без квалификации, Европа ве чека

Ursula fon der Lajen vo Sobranie 14jul22 screenshot
Сакав да бидам денес овде за да се обратам директно, за од мене да слушнете дека Европа ве чека. Чекајќи и надевајќи се дека ќе направите уште чекор кон нашата унија. Вашата држава е на пат да стане членка на ЕУ. Ова го порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при денешното обраќање во македонското Собрание. „И сега,...

Софија со дипломатска нота за антибугарските слогани на протестите во Скопје

Бугарското министерство за надворешни работи (МНР), раководено од Теодора Генчовска, која е во оставка, соопшти дека испратило нота до МНР на Северна Македонија „во врска со констатираните инциденти и пароли во последните денови во јавниот простор на соседна Република Северна Македонија насочени кон Бугарија“. Во соопштението на бугарското МНР се вели дека станува збор за појави што се предизвикани од...

Борел и Блинкен го поздравија францускиот предлог: Духот на конструктивен компромис треба да инспирира

Жозеп Борел, потпретседателот на Европската комисија (ЕК) и висок претставник на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика и Ентони Блинкен, државниот секретар на САД во заедничка изјава го поддржаа францускиот предлог. „Го поздравуваме компромисниот предлог којшто ги зема предвид интересите и загриженоста и на Северна Македонија и Бугарија, засновајќи се на взаемна почит, доверба и разбирање. Суверената одлука на...

Трагите од авиони не се користат за борба против климатските промени

Борбата против глобалното затоплување не се постигнува со авиони, ниту со трагите што ги оставаат зад себе кои не се ништо друго освен резултат од мешањето на топлината испуштена...