Илхан Ќучук: Нема да има подобар предлог, никој не му витка рака на Скопје

Во интервјуто за Бугарско национално радио (БНР), Ќучук нагласува дека Северна Македонија е сосед на Бугарија и дека стратегиски интерес на Бугарија треба да биде тоа сите на Балканот заедно да бидат дел и од НАТО и од ЕУ

-

Нема да има промена на позицијата на ЕУ – ниту има таква желба, ниту пак неколку месеци пред европските избори во ЕК, Советот ќе се зафатат да се ангажираат со менување на правилата. Правилата се тие, усогласени се и секој треба да се прилагоди на нив. Второ – нема да има подобар предлог, бидејќи овој е најдобриот. Никој не му витка рака на Скопје, никоја не поставува никакви дополнителни услови. Ова не е бугарски диктат, туку тоа се европските правила што треба да ги следи Северна Македонија.

Со таква порака денеска, кога во процедура во македонскиот парламент влезе предлогот за уставните измени, се обрати Илхан Ќучук, пратеник во Европскиот парламент (ЕП) и специјален известувач на ЕП за Северна Македонија.

Во интервјуто за Бугарско национално радио (БНР), Ќучук нагласува дека Северна Македонија е сосед на Бугарија и дека стратегиски интерес на Бугарија треба да биде тоа сите на Балканот заедно да бидат дел и од НАТО и од ЕУ.

„Тоа е иднината!“, порачува тој.

За сето тоа, вели тој, потребни се политички напори и желба земјата да оди во една или во друга насока.

„Изборот е исклучиво на Северна Македонија. Ако ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде на страната на европеизацијата на РСМ, одговорноста е на партијата, но за жал, тоа ќе го сопре за не баш кратко време патот на Северна Македонија кон ЕУ“, вели европратеникот во интервјуто во емисијата „Пред сите“.

Според него, многу е можно Северна Македонија и Албанија да се разделат на европскиот пат. Ќучук е согласен со македонскиот премиер Димитар Ковачевски дека во случај на неуспех, причините ќе треба да се бараат единствено во Скопје.

„Треба да има јасен политички сигнал, односно обединети напори од сите. Дебатата може и треба да биде тешка, кога зборуваме за внатрешо-политички прашања, но кога зборуваме за столбовите на интеграцијата, НАТО и ЕУ, цивилизираниот избор на земјата – тука треба да има едно единствено мислење – следењето на стратегиските приоритети на земјата“, вели Ќучук.

Во однос на условите, тој повторува дека тие не се бугарски, туку европски и дека во текот на француското претседателство со ЕК, на нив се согласиле и Бугарија и Северна Македонија.

Тој нагласува дека политичарите не треба да се вмешуваат во историските прашања.

„Историјата треба да се остави во рацете на историчарите, а политичарите да гледаат напред. Денешните политички елити на Бугарија и Северна Македонија, кога зборуваме за напред, треба да решаваат многу поинакви нешта. Тука мислам на бизнис односите, културата, образованието – се што треба да биде направено за да може двете држави да бидат поблиски како држави, имајќи ги предвид заедничката историја, за да бараат заедничка иднина во рамките на ЕУ. Интерес од тоа ќе имаат и двете земји“, вели Ќучук.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...