fbpx

Ќе видиме кој ја блокира европската иднина на земјава, порача Ковачевски на седницата за уставни измени

„Што ѝ да направите, одговорност ќе имате“, им порача Ковачевски на пратениците

-

Собранието на РСМ со 70 гласа „за“, 47 „против“ и без ниту еден воздржан претпладнево го усвоија дневниот ред на 123. седница, на која единствена точка е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет други етнички заедници во преамбулата на Уставот.

По утврдувањето на дневниот ред, пред пратениците се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот им порача на пратениците дека уставните измени се процес во кој ништо не губиме, а можеме да добиеме европска иднина за нашата земја.

Ковачевски во својот говор спомена дека веќе 30 години има експерти, професори и бизнисмени кои работат на правење поделби и страв во нашето општество.

Премиерот Димитар Ковачевски на пратениците им порача дека станува збор за борба со силата на аргументите против оние кои сакаат статус-кво и не сакаат промени, и се заинтересирани да останеме енклава за да се спасат од старите криминали и да направат нови.

Со гласањето за уставните измени, Ковачевски рече дека на потег е Собранието и индивидуалната свест и одговорност на пратениците. Со гласањето „за“ уставни измени, сите може да бидеме победници, додека со гласањето „против“ сите ќе бидеме губитници.

Тој побара од опозицијата да не го злоупотребува гласањето за уставните измени, бидејќи станува збор за прашање кое не е и не смее да биде, гласање за избори, бидејќи избори ќе има следната година. Ковачевски апелираше на разум до пратениците.

„Што ѝ да направите, одговорност ќе имате“, им порача Ковачевски на пратениците.

Ковачевски рече дека денес е денот кога ќе стане јасно кој сака да ја види државата во ЕУ, а кој ја блокира европската иднина на граѓаните, односно кој ќе се заложи државата да оди напред, а кој ќе бега од одговорност.

Инаку, по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, започнаа со свое обраќање и пратеници од власта и од опозицијата. Со објави на Фејсбук, уште утрово одредени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се изјаснуваа поединечно против гласање за уставните измени.

Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Бојан Стојановски по гласањето на дневниот ред на денешната седница на Фејсбук напиша дека сите 44 пратеници од неговата партија гласале против дневниот ред на собраниската седница. Тој порача дека немало да има промена на Уставот под бугарски диктат.

Собраниската седница продолжува денеска со претрес по предлогот за уставните измени, при што расправата може да трае најмногу десет дена. Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати, но не повеќе од 30 минути вкупно.

Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието треба да ја донесе со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, односно со 80 гласови. Расправата за уставните измени може да трае до 31 август, но собранискиот спикер Талат Џафери најави дека седницата би можела да се одложи додека не се создадат услови за гласање, а очекувањата на власта се дека двотретинско мнозинство ќе се обезбеди до крајот на мандатот на оваа влада.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...