fbpx

Фатен напаѓачот на копретседателот на бугарски клуб во Струга, МНР апелира на воздржаност

Од македонското МНР апелираат за воздржаност од предвремени квалификации до моментот на целосно расчистување на случајот

-

Македонското Министерство за надворешни работи информира дека е откриен сторителот на вчерашниот напад врз Б.К. од струшкото село Лабуниште. Во текот на вечерните часови, со осомниченото лице за нападот, А.Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител.

Од македонското МНР апелираат за воздржаност од предвремени квалификации до моментот на целосно расчистување на случајот.

„Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно правно загарантирани права за нив, меѓу нив и Бугарската заедница. Ја повикуваме јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно процесуираат, согласно законската регулатива“, стои во соопштението на македонското МНР.

Реакцијата на македонското МНР следи откако бугарското Министерство за надворешни работи информираше дека испратиле вработен од Генералниот конзулат во Битола за да го расчисти случајот во Струга, односно да се установи дали овој инцидент има етничка позадина.

Лицето Б.К. од Лабуништа е копретседател на Здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“. Од СВР Охрид го потврдија случајот на физички напад, информирајќи дека нападнатото лице веднаш по инцидентот било хоспитализирано во болница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...