Повеќе од 1.000 деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања „Од врата до врата“ на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО), информираше МЗ.
Кампањата започнала на 24 април и се спроведувала вкупно четири недели, како дел од Европската недела на имунизација, со финансиска поддршка од ЕУ. Во овој период биле посетени вкупно 3.373 семејства, заедници и собиралишта за лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини.
Во рамки на кампањата биле одржани и едукативни разговори и предавања.
Во теренските посети вклучени биле 30 медицински тимови кои ги презентирале бенефитите од имунизацијата, соопшти Министерството за здравство.