fbpx

Маричиќ: Испратен недвосмислен сигнал за прoширување на ЕУ, да не ја пропуштаме шансата

„Тоа е многу важен сигнал од ЕУ кој мора да го искористиме, тоа значи дека сите напори што ги вложуваме сега оваа година, сите напори за кои ни велат дека брзаме, всушност не брзаме и се оправдани“, изјави Маричиќ

-

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во изјава за МИА кажа дека не треба да ја пропуштаме шансaта и да се блокираме чекајќи подобри времиња, во момент кога се праќа недвосмислен сигнал за проширување на ЕУ. Според него, ова е доволен сигнал дека работите во ЕУ се менуваат кон подобро.

„Работите се менуваат поповолно кон нас и мислам дека што побрзо ги завршиме нашите обврски ќе се најдеме во групата на наредни членки на ЕУ“, кажа Маричиќ.

Говорот на Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, на отворањето на Бледскиот стратешки форум, според Маричиќ е сериозна пресвртница во политиката на ЕУ кон проширувањето.

„За прв пат после претходното проширување имаме временска одредница која официјално лице на ЕУ ја претставува како можен термин за наредно проширување“, рече вицепремиерот.

Според него, тоа е добар политички сигнал и затоа нашата стратегија на брз влез во ЕУ добива уште повеќе на сила.

„Тоа ни кажува дека чекањето не е стратегија, чекањето е само стратегија којашто ја испразни државата од млади луѓе и ќе ја убие надежта за ЕУ“, порача Маричиќ.

Во врска со можното проширување во 2030 година, Маричиќ кажа дека очекувањата и планот се реални и остварливи.

„Тоа е многу важен сигнал од ЕУ кој мора да го искористиме, тоа значи дека сите напори што ги вложуваме сега оваа година, сите напори за кои ни велат дека брзаме, всушност не брзаме и се оправдани“, изјави Маричиќ.

На прашањето за можноста и најавата за промена на правилата во ЕУ за нови членки, Маричиќ смета дека е еден вид научена лекција од Бугарија и од други држави, кои го искористија своето право на вето во ЕУ да блокираат соседни држави.

„Целта на таа нова политика што ја изнесе како идеја претседателот на Европскиот совет е за определен период временски ограничен, ќе видиме тоа како и колку би се дефинирало, држава членка којашто би била новопристапена, да нема право да блокира своја соседна држава по одредени прашања“, објасни вицепремиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...