Украдени лаптопи од „Донирај компјутер“, се спремале како помош за надарени студенти

Стаменов денеска за Мета.мк вели оти се сомнева дека некој ја искористил транспарентноста на социјалните мрежи и неговите објави дека заминуваат на одмор, како и неработниот празничен ден, за да ја испланира кражбата

-

Канцелариите на иницијативата „Донирај компјутер“ во Кавадарци биле ограбени ноќта помеѓу неделата и понеделникот, а штетата се проценува дека е околу 2.500 евра. Крадецот однел повеќе лаптопи и компјутерска опрема, дури и компјутерот во кој се водела евиденцијата и се собирале донациите на иницијативата.

„Се деси и тоа. Сабајле у 3.59 некој ги обил канцелариите на Донирај Компјутер во Кавадарци. Украл 4-5 Леново лап топа, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120гб. Имаме снимки кои треба да ги прегледаме утре во полиција и опис на лоповот. Ако некој ви понуди нешто за продавање од споменатите работи или видите оглас, ве молам да ми пишете. Кавадарчани ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота!“, објави творецот на „Донирај компјутер“, Борче Стаменов на социјалните мрежи.

Стаменов денеска за Мета.мк вели оти се сомнева дека некој ја искористил транспарентноста на социјалните мрежи и неговите објави дека заминуваат на одмор, како и неработниот празничен ден, за да ја испланира кражбата.

„Само неколку дена откако напишавме дека ќе направиме пауза за одмор ни се случи кражбата. Крадецот добро знаел што да земе. Тие компјутери ни беа едни од најдобрите и ги подготвуваме за потребите на добри студенти кои ќе можат да им го искористат потенцијалот и перформансите. Имаме случаи кога со донираните компјутери, не само што завршиле факултет, туку и работат и сакавме таа приказна да продолжи, да помогнеме што повеќе млади да направат импакт и за себе и за општеството“, вели Стаменов.

Тој вели дека случајот е пријавен во полиција, има сведок на настанот од соседството и дека се прегледуваат камерите кои се поставени во околните објекти.

„Ние немаме можности да ја заштитиме канцеларијата, во Донирај компјутер не се влеваат пари, а такви инвестиции чинат многу. На пример, сакавме да поставиме метална завеса над вратата, но тоа ќе не чинеше 1.800 евра, па се откажавме. Се надевавме дека и крадците имаат совест и дека иницијатива како нашата ќе ја одминат. Очигледно не било така“, вели Стаменов.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...