Кавадарчанец стар 17 години во текот на минатиот месец во два наврати во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци, ги фотографирал банкарските картички на двајца негови сограѓани, а потоа вршел онлајн трансакции со броевите од картичките, соопшти МВР. Вкупната сума на неговите нелегални трансакции изнесува 200 евра.
Првиот инцидент се случил на 23 јануари годинава, при што 45-годишниот сопственик на картичките бил „олеснет“ за 8.948 денари. Во вториот инцидент, само три дена подоцна, жртва бил 42-годишен кавадарчанец. Со неговите „картички“ тинејџерот извршил повеќе трансакции во вкупна вредност од 3.300 денари.