fbpx

Мицкоски по средбите во Брисел: Уставни измени под бугарски диктат нема да прифатиме

Мицкоски додаде дека уставните измени биле процес во кој што фрустрацијата кај Македонците е на многу високо ниво, повеќе од 80 отсто од Македонците велат дека не би поддржале ни под било која цена, ни под било кои околности промена на Уставот

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и по посетата на Брисел и средбите со тамошни официјални лица денеска остана на ставот дека уставни измени под бугарски диктат неговата политичка партија нема да прифати.

„Денес зборувавме и за процесот за т.н. уставни измени којшто е прифатен еднострано, од страна на Владата на ДУИ поддржана од СДСМ, од овој поставен премиер Димитар Ковачевски без никакви консултации со народот во Македонија, со граѓаните. Исто така и без никакви консултации со ВМРО-ДПМНЕ, со опозицијата. Тоа е еден процес којшто дополнително го усложни пристапувањето на Македонија во рамките на ЕУ“, изјави Мицкоски во изјава за телевизијата Алфа.

Мицкоски додаде дека уставните измени биле процес во кој фрустрацијата кај Македонците е на многу високо ниво, повеќе од 80 отсто од Македонците велат дека не би поддржале ни под која било цена, ни под кои било околности промена на Уставот.

Мицкоски додаде дека на средбите се зборувало за двата предлози кои што ВМРО-ДПМНЕ ги ставила на маса пред Димитар Ковачевски и за коишто до денес нема одговор за дадените предлози.

„Имаме два предлога коишто се на маса и коишто се резултат од лидерската средба и за коишто немаме одговор“, потсети Мицкоски.

Тој рече дека и пораката на ВМРО-ДПМНЕ била оти македонскиот народ мора да добие фер шанса, а за тоа биле неопходни час поскоро избори.

Како што информираа од ВМРО-ДПМНЕ, нивниот лидер во Брисел имал средба со високи европски претставници. Соопштија дека Христијан Мицкоски се сретнал со Манфред Вебер претседателот на Европската народна партија, Дејвид Мекалистер кој претседава со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент и со пратеници од Европскиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...